46 | Македонски
може да доведе до тоа, тежиштето на работната маса
да се помести нагоре и таа да се преврти.
Не го притискајте со сила работното парче во
u
сечилото за пила. Ако при употреба се врши
преголем притисок врз електричниот алат, работната
маса може да се преврти.
За време на работата внимавајте сите завртки и
u
сврзни елементи да се цврсто затегнати.
Олабавените врски може да доведат до нестабилност и
непрецизни резови.
Проверете дали долгите и тешки делови за
u
обработка нема да ја дебалансираат работната
маса. Долгите и тешки делови што се обработуваат
мора да се потпрат на слободниот крај или да се
прицврстат.
При склопување и расклопување на работната маса
u
не ги ставајте прстите во близина на точките на
свиткување. Може да ги заглавите прстите.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на Вашата работна маса. Запаметете ги ознаките и
нивното значење. Вистинската интерпретација на
ознаките Ви помага подобро и побезбедно да ја
користите работната маса.
Ознаки и нивно значење
Максималната носивост (електричен
алат + дел за обработка) на работната
маса изнесува 100 kg.
Опис на производот и
перформансите
Наменета употреба
Работната маса е наменета за следниве стационарни
пили од Bosch (издание 2021.08):
– GTS 10 XC ( 3 601 L30 4.. )
Работната маса заедно со електричниот алат е наменета
за скратување на даски и профили.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се
однесува на приказите на графичките страници на
почетокот на упатството.
(1)
Рачка за отклучување
(2)
Основна рамка
(3)
Ногарка на работна маса
(4)
Сет за прицврстување
(5)
Сет за прицврстување на електричниот алат
1 609 92A 72L | (15.09.2021)
Технички податоци
Работна маса
Број на дел
Димензии за основна рамка
Висина на работна маса
Макс. носивост (електричен
алат + дел што се обработува)
Тежина согласно EPTA-Proce-
dure 01:2014
Монтажа
Обем на испорака
За тоа внимавајте на приказот на обемот на
испорака на почетокот на упатството за
употреба.
Пред монтажата на работната маса, проверете дали се
испорачани сите долу наведени делови:
– Основна рамка (2)
– Ногарки на работната маса (3) (4 парчиња)
– Сетот за прицврстување (4) се состои од:
завртки со крстест жлеб M8 x 45 (4 парчиња),
безбедносни навртки M8 (4 парчиња)
– Сетот за прицврстување (5) се состои од:
завртки со шестаголна глава M8 x 75 (4 парчиња),
подлошки M8/18 mm (8 парчиња),
навртки M8 (4 парчиња)
Дополнително потребни алати кон испорачаните
материјали:
– Крстест одвртувач
– Клуч за навртување (13 mm)
Монтирање работна маса (види слики A1–A2)
Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа.
– Поставете ја преклопената основна рамка (2) рамно
на подот.
– Повлечете ја основната рамка (2) за рачките за
отклучување (1) нагоре.
За време на повлекувањето отпуштете ги рачките за
отклучување, за да се вклопи работната маса.
– Вметнете ги ногарките од работната маса (3) во
правоаголните цевки на основната рамка (2) додека
не се израмнат отворите за монтирање.
– Завртете ги ногарките на работната маса и на
основната рамка со завртките и навртките од сетот за
прицврстување (4).
GTA 6000
3 601 M24 10.
mm
670 x 750
mm
602
kg
100
kg
12,5
Bosch Power Tools