треба да се поправат. Причина за многу незгоди е
лошо одржуваниот електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
очтрици помалку ќе се заглавуваат и со нив работата
ќе биде полесна.
g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн.,
треба да ги користите според овие упатства, и на
начин кој е опишан за соодветниот тип на уред.
При тоа, земете ги предвид работните услови и
работата која се извршува. Употребата на
електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
h) Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините
за држење што се лизгаат не овозможуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
5) ВНиМАТЕЛНО РАКУВАЊЕ и КОРиСТЕЊЕ НА
АПАРАТ СО АКУМУЛАТОР
a) Полнете го акумулаторот само во апаратите за
полнење кои се пропишани од страна на
производителот. За апаратот за полнење кој е
соодветен за определен вид на акумулатори, постои
опасност од пожар, доколку се употребува со други
акумулатори.
b) Користете ги електричните алати само со
специфично назначени пакувања на батерии.
Користењето на друг вид на батерии може да доведе
до ризик од повреда или пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како штрафчиња,
парички, клучеви, клинци, навртки или други,
мали предмети кои може да направат краток
спој. Краткиот спој кај батериите може да
предизвика изгореници или пожар.
d) При погрешна примена може да излезе течност
од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа.
При случаен контакт, измијте се со вода. Ако
течноста дојде во допир со очите, побарајте и
лекарска помош дополнително. Течноста која
може да излезе од акумулаторот може да доведе до
надразнување на кожата и изгореници.
6) СЕРВиСиРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
БЕзБЕДНОСНи УПАТСТВА зА АКУМУЛАТОРСКи
ДУПЧАЛКи/ОДВРТУВАЧКи
ОПШТи
• Алатот/полначот не се наменети за употреба од
страна на лица (вклучително и деца со намалени
физички, чувствителни или ментални способности,
без искуство и познавања, освен ако не се под
надзор или ако не се обучени за употребата на
алатот/полначот од страна на лице кое што е
одговорно за нивната безбедност
• Обезбедете децата да не си играат со алатот/
полначот
• Прашината од материјали како боја која содржи
олово, некои видови дрво, минерали и метали, може
да биде штетна за здравјето (контактот со
прашината или нејзиното вдишување може да
шредизвика алергии и/или болести на дишните
органи за оној кој работи со алатот или луѓето во
близина); носете маска за прашина и работете со
правосмукалки доколку можете да ги поврзете
• Некои видови на прашина се канцерогени (како на
пример прашината од даб или бука), особено заедно
со адитиви за одржување на дрвото; носете маска
за прашина и работете со правосмукалки
доколку можете да ги поврзете
• Следете ги процедурите на вашата земја за
прашината која се јавува како резултат од
материјалите со кои работите
• Не обработувајте никаков материјал кој содржи
азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
• При промена на приборот, пренесување или
прибирање на алатот, задолжително поставете го
прекинувачот F 2 во средна позиција (заклучено)
ПРиБОР
• Користете само полначот на SKIL 2607225575 или
2607226013 и батеријата на SKIL 2607337037 со овој
алат
• SKIL може да признае гаранција само доколку е
користен оригинален прибор
• Користете само прибор чија дозволена брзина е во
најмала рака еднаква на најголемата брзина при
празен од на електричниот алат
ПРЕД УПОТРЕБА
• Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и
други предмети во местото каде работите; тргнете ги
пред да почнете со работа
• Секогаш проверувајте го напонот на плочката со
податоци за типот на полначот
• зацврстете го материјалот кој го обработувате
(обработка која е зацврстена со стеги или во
менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце)
• Користете соодветни детектори за наоѓање на
скриени инсталации или повикајте соодветна
компанија за помош (контактот со електричните
линии може да доведе до струен удар; оштетувањата
во гасоводна цевка може да резултира со
експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација
може да доведе до оштета на предмети или
електричен удар)
ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА
• Носете заштита за уши кога ќе започнете со
дупчење (изложувањето на бучава може да доведе
до загуба на слухот)
• Држете го алатот за изолираните површини за
зафаќање кога извршувате работа при која што
дополнителната опрема за сечење или
прицврстување може да дојде во контакт со
сокриените жици (ако дополнителната опрема за
сечење и прицврстување дојдат во контакт со жица
под напон може да ги електрифицираат металните
делови на алатот и да предизвикаат електричен
удар на операторот)
119