OBJ_DOKU-36146-003.fm Page 265 Friday, February 19, 2016 9:59 AM
Мерниот уред смее да се поправа само од страна на
квалификуван стручен персонал со оригинални
резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни
во безбедноста на мерниот уред.
Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот
мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите
лица поради невнимание.
Не работете со мерниот уред во околина каде постои
опасност од експлозија, каде има запаливи
течности, гас или прашина. Мерниот уред создава
искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Заштитете го мерниот уред од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Внимание! При користењето на мерниот уред со
Bluetooth® може да настанат пречки на другите
уреди и системи, авиони и медицински апарати (на
пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така
не може сосема да се исклучат штетните влијанија
на луѓето и животните во непосредната околина. Не
го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина
на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски
уреди, области со опасност од експлозија и во
близина на мински полиња. Не го користете мерниот
уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте
долготрајна употреба во директна близина на
телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите
(логоата) се регистрирани трговски марки и
сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на
оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца
преку Robert Bosch GmbH.
Безбедносни напомени за полначи
Овој уред може да го користат
деца над 8 години како и лица со
намалени физички, сензорни и
ментални способности или
недоволно искуство и знаење,
доколку се под надзор или се
подучени за безбедно ракување
со полначот и ги разбираат
опасностите кои може да
произлезат поради тоа. Инаку
постои опасност од погрешна
употреба и повреди.
Bosch Power Tools
Надгледувајте ги децата за
време на користењето,
чистењето и одржувањето. Така
ќе се осигурате дека децата нема да
си играат со полначот.
Полнете само Bosch литиум-
јонски акумулатори со капацитет
од 1,25 Аh (од 1 акумулаторски
ќелии). Напонот на батеријата
мора да одговара на напонот за
полнење на полначот. Не полнете
повторно полнливи батерии.
Инаку постои опасност од пожар и
експлозија.
Полначот држете го подалеку од дожд и
влага. Навлегувањето на вода во полначот го
зголемува ризикот од електричен удар.
Наполнете го мерниот уред со испорачаниот полнач.
Не го користете полначот на лесно запалива подлога
(на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива
околина. Постои опасност од пожар заради
затоплувањето на уредот што произлегува при
полнењето.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
Пред секое користење, проверете го полначот,
кабелот и приклучокот. Не го користете полначот,
доколку приметите оштетувања. Не го отворајте
сами полначот и оставете го на поправка кај
квалификуван стручен персонал кој ќе користи
само оригинални резервни делови. Оштетениот
полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за
електричен удар.
Опис на производот и моќноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на производот, и држете ја отворена додека го читате
упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за мерење на далечини, должини,
висини, растојанија, косини и за пресметување на
површини и волумени. Мерниот уред е наменет за
мерење во внатрешен и надворешен простор.
Мерните резултати може да се пренесуваат преку
Bluetooth® и USB-интерфејс на други уреди (но не при
работа на мерниот уред на мерната шина R60
Professional).
Македонски | 265
1 609 92A 25T | (19.2.16)