OBJ_DOKU-36146-003.fm Page 273 Friday, February 19, 2016 9:59 AM
Пренос на податоци преку USB-интерфејс
Поврзете го мерниот уред преку микро-USB-кабел со
вашиот компјутер или ноутбук. По стартот на софтверот на
вашиот компјутер или ноутбук ќе се воспостави врска со
мерниот уред.
Актуелниот софтвер како и други информации ќе најдете
на интернет страната на Bosch на
www.bosch-pt.com
Напомена: Штом ќе се поврзе мерниот уред преку микро-
USB-кабел со еден компјутер или ноутбук, ќе се наполни
литиум-јонската батерија. Во зависност од јачината на
струјата на полнење, времето на полнење варира.
За да го наполните мерниот уред што е можно побрзо,
употребете го полначот, видете на „Полнење на
батеријата".
Совети при работењето
Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс.
Треба да се внимава на локалните оперативни
ограничувања, напр. во авиони или болници.
Општи напомени
Приемната леќа 17 и излезот на ласерскиот зрак 18 не
смеат да бидат покриени за време на мерењето.
Мерниот уред не смее да се движи за време на мерењето
(со исклучок на функциите континуирано мерење и
мерење на косини). Доколку е возможно, поставете го
мерниот уред на цврста подлога.
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и
рефлективните својства на целната површина. За подобра
видливост на ласерскиот зрак при работа на надворешен
терен и прејаки сончеви зраци на ласерските очила 30
(опрема) и целната табла на ласерот 31 (опрема), или
засенете ја целната површина.
Влијанија на мерниот резултат
Поради физички ефекти не може да се исклучи фактот,
дека при мерењето на различни површини доаѓа до
погрешно мерење. Тука спаѓаат:
– транспарентни површини (напр. стакло, вода),
– површини што рефлектираат (напр. исполиран метал,
стакло),
– порозни површини (напр. изолациони материјали),
– структурирани површини (напр. груба малтерија,
природен камен).
Доколку е возможно, на овие површини користете целна
табла за ласерот 31 (опрема).
Грешки при мерењето се исто така можни и кај накосо
визирани целни површини.
Исто така на мерната вредност може да влијаат и
процепите за вентилација со различни температури или
индиректно примените рефлексии.
Проверка на точноста и калибрирањето на измерените
косини (види слика H)
Редовно проверувајте ја точноста на мерењето на косини.
Ова се врши со помош на менување на правецот.
Bosch Power Tools
Поставете го мерниот уред на една маса и измерете ја
косината. Свртете го мерниот уред за 180 ° и одново
измерете ја косината. Разликата помеѓу прикажаните
износи смее да изнесува макс. 0,3 °.
При големи отстапувања мерниот уред мора одново да се
калибрира. Држете го притиснато копчето Мерење на
косини 3. Следете ги упатствата на екранот.
По големи промени на температурата и по удари,
препорачуваме да се изврши проверка на точноста и ев.
калибрирање на мерниот уред. По промена на
температурата, мерниот уред мора да се прилагоди на
нормалната температура некое време пред да се изврши
калибрација.
Проверка на точност при мерење на растојанија
Точноста на измерените растојанија може да ја проверите
на следниов начин:
– Изберете едно непроменливо мерно подрачје со
должина од околу 1 до 10 м, чија должина точно ја
знаете (напр. ширината на просторијата, отворот на
вратата). Мерната траса мора да биде во внатрешен
простор, целната површина на мерењето треба да биде
мазна и добро рефлектирачка.
– Измерете го подрачјето 10-пати едно по друго.
Отстапувањата од средната вредност на поединечните
мерења смеат да изнесуваат макс. ±2 мм. Запишувајте ги
мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста.
Работење со статив (опрема)
Користењето на стативот е особено потребно при големи
растојанија. Мерниот уред со 1/4"-навој 19 поставете го
на брзо променлива плоча на стативот 29 или на
вообичаен фото-статив. Цврсто зашрафете ја брзо
заменливата плоча со шраф за фиксирање.
Соодветно поставете го референтното ниво за мерење со
стативот, со притискање на копчето 10 (референтно ниво
за навој).
Работење со мерна шина (види слики I–K)
Мерната шина 27 може да се искористи за попрецизен
резултат при мерењето на косини. Не е возможно мерење
на растојанија со мерната шина.
Поставете го мерниот уред како на
сликата во мерната шина 27 и
блокирајте го мерниот уред со лостот
за заклучување 28. Притиснете го
копчето Мерење 2, за да го активирате
начинот на работа „Мерна шина".
Редовно проверувајте ја точноста на измерените косини
со менување на правецот или со либели на мерната шина.
При големи отстапувања мерниот уред мора одново да се
калибрира. Држете го притиснато копчето Мерење на
косини 3. Следете ги упатствата на екранот.
При работа на мерниот уред во мерна шина 27 не е
возможно пренесување на мерни податоци.
За завршување на начинот на работа „Мерна шина"
исклучете го мерниот уред и извадете го од мерната шина.
Македонски | 273
1 609 92A 25T | (19.2.16)