Descargar Imprimir esta página

Воведни Операции; Во Текот На Работата; Одржување, Одложување; Батерија / Полнач За Батеријата - Stiga T 300 Li 20 Serie Manual De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para T 300 Li 20 Serie:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 86
безбеден начин и ги разбираат можните опасности. Децата
не смее да си играат со апаратот. Децата не смее да го
спроведуваат редовното чистење и одржувањето доколку не
се под надзор.
• Не користете ја тревокосачката никогаш кога во близина има
лица, особено деца или животни. Неопходно е децата да бидат
под надзор на друго возрасно лице.
• Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во
состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови,
дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз
капацитетот за навремено реагирање или внимание,
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или
опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на
одговорности на операторот спаѓа и проценката на можните
ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете
ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате
својата, но и безбедноста на другите особено на закосени,
нерамни, лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица,
проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се
содржани во ова упатство.
2.2
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон против
лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте ја машината со
боси нозе или отворени сандали. Носете заштитни слушалки
за слухот.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека со
лелеави делови или со врвки и врски и слични додатоци што
висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или
за предмети и материјали кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
• Носете ракавици за работа во сите ситуации каде има ризик
за рацете.
• Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете
сè што би можело да биде исфрлено од машината и да ги
оштети уредот за сечење/ротирачки делови (камења, гранки,
железни остатоци, коски, итн.).
2.3
ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
• Не користете ја машината во средина каде постои ризик од
експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или
нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што
може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
• Не изложувајте ја машината на дожд или влажни услови.
Водата што може да навлезе во електричниот дел го
зголемува ризикот од електричен удар.
• Работете само на дневна светлина или при добро вештачко
осветление и при услови на добра видливост.
• Избегнувајте да работите на мокра трева, кога врне и кога
ризик од временска непогода, особено грмотевици.
• Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот
(грутки, канали), закосувањата, сокриени опасности и на
присуството на дадени опасности коишто може да ја попречат
видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки
или препреки. Машината може да се преврти ако едното
тркало поминува преку раб или ако работ е закосен.
• Работете секогаш надолжно во однос на косината, во правец
нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајќи при тоа на
менувањето на правецот одржувајќи правилна потпора и да
избегнувате тркалата да удираат на пречки (камења, гранки,
корења и сл.) со што може да се предизвика странично
лизгање, превртување или загуба на контролата врз
машината.
• Машината не смее да се користи на закосувања поголеми од
20° без оглед на правецот на движење.
• Не закосувајте ја тревокосачката во движење. Вклучувајте ја
на рамни површини, исчистени од препреки и висока трева.
• Обрнете максимално внимание кога ја влечете тревокосачката
кон себе. Погледнете зад неа пред и при движење наназад за
да обезбедите дека нема никакви пречки.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
• Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку од уредот со
сечилото, особено при палење на моторот и додека работите
со машината.
• Секогаш стојте оддалечено од испустот за празнење.
• Не користете ја машината никогаш кога има оштетени делови,
ако недостасуваат или не се правилно поставени (вреќата за
собирање, заштитата на страничниот испуст, заштитата на
задниот испуст).
• Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете ги манометарот и
поставените безбедносни системи/микропрекинувачи.
Во случај на дефект или инциденти во текот на
работата, веднаш исклучете го моторот и оддалечете
ја машината внимавајќи да не предизвикате други
оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или
повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката
за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и
обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за
неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци
од косењето што може да предизвикаат дефект или
повреди на лица или животни ако останат незабележано во
машината.
2.4
ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја
одржите безбедноста на машината и нивото на работа.
• Никогаш не користете ја машината со користени или
оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба
да се заменат, никогаш да не се поправаат. Користете само
оригинални резервни делови.
• Во текот на операциите за регулирање на машината, обрнете
внимание и избегнувајте прстите да ви се наоѓаат заглавени
во уредот со сечилото во движење и фиксните делови на
машината.
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте полни
контејнери во затворен простор.
• Проверете дали кога работи машината, нема знаци на
оштетувања или дефекти.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство
се максимални вредности при употреба на машината.
Употребата на елемент за косење којшто не е стабилен,
движењето со преголема брзина, неодржувањето на
машината значително влијаат врз емисијата на бучава или
вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни
мерки за да елиминирате можни оштетувања заради
зголемена бучава или значителни вибрации. Редовно
одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и
правете паузи во работата.
2.5
БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈАТА
ВАЖНО
Следните безбедносни мерки ги опфаќаат
безбедносните одредби коишто се претставени во даденото
упатство за батеријата и за полначот на батеријата кое што се
доставува со машината.
• Користете само полначи за полнење на батериите што
ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за
батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање
или протекување на корозивната течност од батеријата.
МК - 2

Publicidad

loading