Descargar Imprimir esta página

Makita DX15 Manual De Instrucciones página 68

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 22
РАБОТЕЊЕ
Нагодување на положбата на
смукалката на системот за
собирање прав
Лизнете ја навнатре и нанадвор водилката на
смукалката додека го притискате копчето за
нагодување на насочувачот, а потоа отпуштете
го копчето на точната позиција на која врвот на
бургијата се наоѓа токму зад предната површина на
смукалката.
► Сл.5: 1. Насочувач 2. Копче за нагодување на
насочувачот 3. Врв на бургијата 4. Предна
површина на смукалката
НАПОМЕНА: Пред нагодување на положбата на
смукалката, притиснете го копчето за нагодување
на насочувачот за да се отпушти затегнатоста
насочувачот и ослободете го во целосно
издолжена положба.
Нагодување на длабочините на
дупчењето
Длабочината на дупчењето може да се нагоди
со менување на должините помеѓу копчето за
нагодување на длабочината и задниот крај на
насочувачот. Притиснете го и задржете го копчето
за нагодување на длабочината и лизнете го во
саканата позиција.
► Сл.6: 1. Копче за нагодување на длабочината
2. Насочувач 3. Длабочини на дупчењето
Тресење на прашината од
филтерот
ВНИМАНИЕ:
Не вртете го бирачот на
кутијата за прав додека таа е отстранета
од системот за собирање прав. Тоа може да
предизвика вдишување прав.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот кога го вртите бирачот на кутијата за
прав. Ако го вртите бирачот додека алатот работи,
може да дојде до загуба на контролата врз алатот.
► Сл.7: 1. Кутија за прав 2. Бирач
Фрлање на правот во отпад
ВНИМАНИЕ:
Погрижете се да носите маска
за прав кога го фрлате правот во отпад.
ВНИМАНИЕ:
Редовно празнете ја кутијата
за прав пред таа да се наполни. Во спротивно,
може да се намалат перформансите на собирачот
на прав и да се предизвика вдишување на правот.
ВНИМАНИЕ:
Перформансите на собирачот
на прав се намалуваат, доколку филтерот
во кутијата за прав се затне. Како насока,
заменете го филтерот со нов по приближно 200
пати полнење со прав. Во спротивно може да
дојде до вдишување прав.
1.
Отстранете ја кутијата за прав додека го
притискате надолу лостот на стегата на кутијата за
прав.
► Сл.8: 1. Лост на стега
2.
Подигнете го лесно јазичето за заклучување
нанадвор и отворете го капакот на кутијата за прав.
► Сл.9: 1. Капак на кутијата за прав 2. Јазиче за
заклучување
3.
Фрлете го правот во отпад и потоа исчистете го
филтерот.
► Сл.10
ЗАБЕЛЕШКА:
нежно допрете ја кутијата за филтер со рака
за да го отстраните правот. Не допирајте го
филтерот директно, не допирајте го со четка
или слично, ниту, пак, дувајте компримиран
воздух на филтерот. Тоа може да го оштети
филтерот.
ОДРЖУВАЊЕ
Замена на филтерот од кутијата за
прав
1.
Отстранете ја кутијата за прав додека го
притискате надолу лостот на стегата на кутијата за
прав.
► Сл.11: 1. Лост на стега
2.
Подигнете го лесно јазичето за заклучување
нанадвор и отворете го капакот на кутијата за прав.
► Сл.12: 1. Капак на кутијата за прав 2. Јазиче за
заклучување
3.
Вметнете плоснат шрафцигер помеѓу кутијата
на филтерот и капакот на кутијата за прав како што
е прикажано на сликата. Притиснете ги страничните
ѕидови на кутијата на филтерот навнатре и
подигнете ја кутијата на филтерот со плоснат
шрафцигер.
► Сл.13: 1. Плоснат шрафцигер 2. Кутија на
филтерот 3. Капак на кутијата за прав
4.
Притиснете го филтерот надвор од кутијата на
филтерот како што е прикажано на сликата.
► Сл.14: 1. Филтер 2. Кутија на филтерот
5.
Заменете нов филтер во кутијата на филтерот.
Поставете ја кутијата на филтерот назад на кутијата
за прав со порамнување на издадениот дел од
водилката на кутијата на филтерот со жлебот во
кутијата за прав.
► Сл.15: 1. Издаден дел од водилката 2. Жлеб
6.
Затворете го капакот на кутијата за прав и
потоа повторно склопете го системот за собирање
прав.
68 МАКЕДОНСКИ
Кога ќе го чистите филтерот,

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

199588-6