1. Б ЕЗБЕДНОСНИ
MK
ИНФОРМАЦИИ
Заради ваша сопствена
безбедност и заради
правилно функционирање на
апаратот, внимателно прочитајте
го овој прирачник пред да
започнете со монтирање и
употреба. Секогаш чувајте ги
овие упатства со апаратот, дури
и кога се преселувате или го
продавате. Корисниците мора
целосно да се запознаени со
работењето и безбедносните
функции на апаратот.
П оврзувањето на каблите
мора да го направи
специјализиран техничар.
• Производителот нема да биде
одговорен за оштетувања кои
настанале како резултат на
неправилна или несоодветна
монтажа.
• Минималното безбедно
растојание меѓу плочата за
готвење и аспираторот е 650
mm (некои модели можат да
се инсталираат и на помала
висина, ве молиме, погледнете
ги деловите за работни
димензии и монтажа).
• Ако упатствата за монтажа
на плочата за готвење на гас
наведуваат дека е потребно
поголемо растојание , тие мора
да се почитуваат.
• Проверете дали волтажата на
струјата одговара на онаа која
е наведена на плочката со
98
спецификации, прицврстена
на внатрешната страна на
аспираторот.
• Начините н а и склучување м ора
да бидат вградени во фиксната
инсталација во согласност
со правилата за поврзување
кабли.
• За уреди од Класа I, проверете
дали домашното напојување
со електрична струја гарантира
соодветно заземјување.
• Поврзете го аспираторот со
одводно црево преку цевка која
има минимален дијаметар од
120 mm. Трасата на цревото
мора да биде што пократка.
• Регулативите за испуштање
воздух треба да се почитуваат.
• Не поврзувајте го аспираторот
со одводни канали низ кои се
спроведуваат запаливи гасови
(бојлери, огништа, итн.)
• Доколку аспираторот се
користи заедно со уред кој не
работи на електрична струја
(на пример, уред на гас), мора
да се обезбеди доволен степен
на в ентилација во п росторијата
за да се спречи враќање назад
на издувните гасови. Кога
аспираторот се користи заедно
со апарати кои не работат на
електрична с труја, н егативниот
притисок во просторијата не
смее да биде поголем од 0,04
mbar, со цел да се спречи
враќање на издувните гасови
назад во просторијата од
страна на аспираторот.