Descargar Imprimir esta página

Совети При Работењето; Функции На Поврзување - Bosch GST 18V-155 SC Professional Manual Original

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 37
236 | Македонски
Се препорачува намалување на бројот на работни одови
при сечење на пластика и метал.
Контролирање на работните одови преку ASC
(Adaptive Speed Control)  (GST 18V‑155 SC)
За што е можно попрецизно сечење, работните одови
може автоматски да се намалат со помош на ASC пред да
се стави сечилото на пилата на делот што се обработува.
Ако сечилото на пилата го допре делот што се
обработува, работните одови автоматски се зголемуваат
до поставениот степен на работни одови.
Кај фарбичка поставка степенот на работни одови 6 е
достапен со или без ASC. За работа со ASC притискајте го
копчето за претходно избирање на бројот на работните
одови (9), додека приказот за ASC (4) не свети и додека
A не се појави во приказот за степенот на работни
одови (8).
Преку апликацијата Bosch Toolbox можете исто така да го
вклучите или исклучите ASC за понатамошни степени на
работни одови. При променети поставки при вклучен
ASC свети исклучиво приказот за ASC (4), во приказот за
степен на работни одови (8) повеќе не се прикажува A.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш
u
користете стабилна подлога.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете
ги.
Убодната пила главно е дизајнирана за вршење заболени
засеци. Во Bosch-асортиманот се вклучени и додатоци
кои овозможуваат право сечење или кружно сечење (во
зависност од моделот на убодната пила на пр. паралелен
граничник, шина-водилка или кружен секач).
При работата рачните убодни пили може да „го изгубат
правецот", што значи дека аголот и прецизноста на
сечењето ќе бидат намалени. Одлучувачки фактори кои
влијаат на прецизноста се дебелината на сечилото на
пилата, должината на сечењето и густината и дебелината
на материјалот на делот што се обработува.
Затоа, секогаш треба со пробни засеци да проверувате
дали резултатот од сечењето на избраниот систем
одговара на вашите барања на примена.
Паралелен граничник (опрема) (види слика I)
При работа со паралелен граничник (33) дебелината на
делот што се обработува не смее да надминува 30 mm.
Олабавете ја завртката за подесување (32) и турнете ја
скалата на паралелниот граничник низ отворот (31) на
1 609 92A 6Y3 | (27.07.2022)
основната плоча. Поставете ја саканата ширина на резот
како вредност на скалата на внатрешниот раб на
основната плоча. Затегнете ја завртката за
подесување (32).
Адаптер за шините-водилки (опрема) (види слика J)
Адаптерот за шините-водилки (35) е потребен:
– за право сечење со помош на шините-водилки (34)
(опрема)
– за кружно сечење со кружен сечач (36) (опрема)
Осигурајте се дека пластичната лизгачка плоча (14) е
монтирана на основната плоча (13). Поставете го
електричниот уред во адаптерот за шините-водилки (35).
За употреба на адаптерот за шините-водилки следете го
соодветното упатство за користење.
Кружен секач (опрема) (види слика K)
Со помош на кружниот секач (36) и адаптерот за шините-
водилки (35) можни се точни заоблени сечења. За
употреба на кружниот секач следете го соодветното
упатство за користење.
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот
треба да нанесете средство за ладење одн.
подмачкување по должина на линијата за сечење.
Функции на поврзување
Системски предуслови за користење на
апликацијата
Системски барања
Мобилен уред (таблет,
паметен телефон)
Инсталација и употреба на апликацијата
За да може да ги користите функциите на поврзување,
прво мора да инсталирате – специфична – апликација во
зависност од крајниот уред.
– Преземете ја апликацијата преку соодветниот App-
Store (Apple App Store, Google Play Store).
Напомена: потребен е кориснички профил кај
соодветниот AppStore.
Име на
iOS
апликација
Bosch Toolbox
– Потоа во апликацијата изберете ја потточката MyTools
или Connectivity.
– Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите
понатамошни чекори за поврзување на електричниот
уред со крајниот уред.
Android 6.0 (и понов)
iOS 11 (и понов)
Android
Bosch Power Tools

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Gst 18v-155 bc professional