Descargar Imprimir esta página

Bosch UniversalVac 15 Manual Original página 133

Ocultar thumbs Ver también para UniversalVac 15:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 26
Монтирање на млазниците и цевките
– Потоа вметнете ја саканата опрема за всисување
(подна млазница, млазница за фуги, всисна цевка
итн.) на заоблената млазница (18) или на адаптерот за
всисување (17).
Промена/вметнување ќеса за прав (суво
всисување) (види слика C1−C3)
За суво всисување може да вметнете ќеса за прав
(опрема). Со тоа се олеснува отстранувањето прав.
Промена/вметнување на кеса за прав (опрема)
Отворете ги капаците (8) и извадете го горниот дел од
всисувачот (7).
– Извлечете ја целосно ќесата за прав (29) од
приклучната прирабница (28) наназад и извадете ја од
всисувачот.
– Ставете ја новата ќеса за прав преку приклучната
прирабница на всисувачот. Проверете дали целата
должина на ќесата за прав е лежи на внатрешниот ѕид
на садот (1).
– Ставете го горниот дел на всисувачот (7) и затворете
ги капаците (8).
Менување на деловите за вметнување за
подната млазница (види слики D1−D2)
Во зависност од задачата за всисување (суво, влажно,
површини со тепих итн.) во подната млазница (21) може
да прицврстите различни деловите за вметнување
(гумена лента/ленти со четка).
– Притиснете ги копчињата за отклучување (30) на
подната млазница (21), за ослободување на делот за
вметнување од подната млазница.
– Прицврстете го саканиот дел за вметнување (22)/
(23)/(24) во подната млазница .
Употреба
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред
u
одржувањето или чистењето на всисувачот, пред
регулирање на поставките на уредот, замена на
деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на всисувачот.
Всисувачот не смее да се користи во простории каде што
постои ризик од експлозија.
За да обезбедите оптимални перформанси на всисување,
цревото за всисување (16) секогаш мора целосно да го
одмотувате од горниот дел на всисувачот (7).
Bosch Power Tools
Користете само неоштетен филтер (без пукнатини,
u
дупчиња итн.). Веднаш заменете го оштетениот
филтер.
Вшмукување на суви материјали
Всисување наталожена прав
UniversalVac 15
– За да го вклучите всисувачот, поставете
го прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) на симболот
„всисување".
– За да го исклучите всисувачот, поставете
го прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) на симболот
„исклучување".
AdvancedVac 20
– За да го вклучите всисувачот, поставете
го прекинувачот за избирање на режими
на работа (5) на симболот „всисување".
– За да го исклучите всисувачот, поставете
го прекинувачот за избирање на режими
на работа (5) на симболот „исклучување".
Всисување прав на од електрични алати што работат
(види слика E)
– Монтирајте го адаптерот за всисување (17).
– Вметнете го адаптерот за всисување (17) во
млазниците за всисување на електричниот алат.
Напомена: кога работите со електрични алати, чиј проток
на воздух во всисното црево е низок (на пр., убодни
пили, брусилки и сл.), отворот за надворешен
воздух (31) на всисното црево (16) мора да е отворен.
Со тоа се подобруваат перформансите на всисувачот и
електричната алатка.
За да го направите ова, вртете го прстенот над отворот за
воздух (31), додека не се отвори што е можно повеќе.
AdvancedVac 20
Во всисувачот има вградено шуко приклучница (4). Таму
може да приклучите надворешен електричен апарат.
Внимавајте на максимално дозволената приклучна моќ
на електричниот алат што се приклучува.
– За да ја ставите во употреба старт/
стоп автоматиката на всисувачот,
поставете го прекинувачот за
избирање на режими на работа (5) на
симболот „старт/стоп автоматика".
– За ставањето во употреба на всисувачот, вклучете
го електричниот алат поврзан на приклучницата (4).
Всисувачот стартува автоматски.
– Исклучете го електричниот алат, за всисувањето да
го завршите.
Функцијата за дополнително работење на старт/стоп
автоматиката работи до 6 секунди за да се извлече
преостанатиот прав од всисното црево.
Македонски | 133
1 609 92A 7UL | (17.01.2023)

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Universalvac 20