• Погледнете го делот "ПРИЛАГОДУВАЊЕ
НА ЗАТЕГНУВАЊЕТО НА СИНЏИРОТ"
во претходниот дел од упатството.
ДОДАВАЊЕ МАСЛО ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ
НА СИНЏИРОТ И ШИПКАТА
• Олабавете и отстранете ја поклопката
(слика 6) од резервоарот.
• Ставете масло во резервоарот и пратете
го нивото со помош на мерката (слика 7).
Внимавајте да не влезат нечистотии во
резервоарот додека го ставате маслото.
• Вратете ја поклопката назад и затегнете.
• Целосно полн резервоар овозможува
пилата да работи од 20-40мин..
ДРЖЕЊЕ НА ПИЛАТА
Пред да ја пренесувате пилата, секогаш
отстранувајте ги батериите и поставувајте
го заштитниот дел врз шипката и синџирот.
Доколку вршите неколку сечења, пилата
мора да биде изгасена помеќу активностите.
АШТИТЕН ДЕЛ
Погледнете ја сликата 1
Заштитниот дел од пилата мора да биде
поставен на синџирот и шипката, веднаш
штом престанете со работата и секогаш
кога уредот треба да се пренесува.
ОСТРЕЊЕ НА ПИЛАТА
Погледнете ја слика 16-21
Кога пилата не навлегува добро во
дрвото, потребно е да се наостри
според следните упатства:
• Затегнете го синџирот.
• Зацврстете ја шипката на начин што
синџирот ќе може да се олабави.
• Прицврстете го острачот на држачот и
поставете го на сечилото под агол од 35°.
• Острете кон напред се додека
сите потрошени делови од
сечилото не се отстранат.
• Бројте ги зафатите додека острите
за да продолжите со истиот начин
на острење и на другите делови.
• Доколку мерата за длабочина се
измести после неколку пати користење,
повторно прилагодете го нивото.
Користете рамен острач. На крајот,
заокружете ја мерката за длабочина
ЗАБЕЛЕШКИ: Се препорачува за
поголем обем на острење да се обратите
кај овластен претставник кој поседува
соодветен електричен острач..
ОДРЖУВАЊЕ НА НАСОЧУВАЧОТ
• Кога ќе завршите со работата,
исчистете ги жлебовите и
маслото со кука за стругање.
• Вршете периодично прилагодување на
страните од шините со помош на рамен
острач. Доколку не ги одржувате подолго
време, страничните делови може да
се скршат и да ја оштетат шипката.
• Доколку едната шина е повисока
од другата, неопходно е да ги
изедначите со помош на рамен острач
и потоа фино да ги обработите со
помош на абразивна хартија.
За време на сервисирање на уредот,
користете само оригинални заменски
делови. Во спротивно, можете да
дојде до оштетување на производот.
Секогаш отстранувајте ги
батериите за време на чистење
или одржување на уредот.
ОПШТИ ПРЕПОРАКИ ЗА ОДРЖУВАЊЕТО
Пред секоја употреба проверете го
уредот од можни оштетувања, делови
кои недостасуваат или пак кои не се
добро прицврстени, како што се завртки,
шрафови, поклопки, итн. Прицврстете ги
добро сите делови за затегнување или
поклопки и не го користете уредот додека
не ги замените сите оштетени делови
или деловите кои недостасуваат. Ве
молиме обратете се за помош до одделот
за поддршка на Greenworkstools.
Избегнувајте да користите течности кога
ги чистите пластичните делови од уредот.
Повеќето пластични делови се подложни
на оштетувања од различни видови на
комерцијални течности. Користете чисти
материјали за да ја отстраните нечистотијата,
прашината, маслото, маснотиите, итн.
Никогаш не дозволувајте
пластичните делови од уредот да дојдат
во допир со течности за кочници,
производи на база на петролеум,
ерозивни масла и слично. Хемикалиите
може да ја оштетат, ослабат или
уништат пластиката што пак може
да доведе до сериозни повреди.
Само деловите кои се прикажани на
листата со делови, смеат да се менуваат
или поправаат од страна на корисникот.
Сите други делови треба да се заменуваат
во овластен сервисен центар.
10