4 Безбедносни упатства
► Не работете во многу запалива или
експлозивна средина.
■ Луѓето можат да се сопнат преку кабелот за
продолжување. Луѓето може да бидат
повредени, а косилката за трева може да
се оштети.
► Поставете го кабелот за продолжување
да биде јасно видлив и рамно на подот.
4.6
Состојба за безбедна
употреба
4.6.1
Косилка за трева
Косилката за трева е во безбедна состојба
доколку се исполнети следниве услови:
– Косилката за трева е неоштетена.
– Кабелот за продолжување и неговиот
мрежен приклучок се неоштетени.
– Косилката за трева е чиста и сува.
– Контролите работат и не се модифицирани.
– Ножот е правилно монтиран.
– На косилката за трева се прикачени
оригинални додатоци од STIHL.
– Додатоците се правилно монтирани.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Во небезбедна состојба, компонентите
повеќе не функционираат правилно и
можно е безбедносните уреди да се
оневозможени. Луѓето може да бидат
тешко повредени или да загинат.
► Работете со неоштетена косилка за
трева.
► Работете со неоштетен кабел за
продолжување и неоштетен мрежен
приклучок.
► Ако косилката за трева е извалкана или
нечиста: Исчистете ја косилката за трева
и оставете ја да се исуши.
► Не модифицирајте ја косилката за трева.
► Ако контролите не работат: Не работете
со косилката за трева.
► На косилката за трева прикачувајте
оригинални додатоци од STIHL.
► Прикачете го ножот како што е опишано
во ова упатство за употреба.
► Прикачувајте ги додатоците како што е
опишано во ова упатство за употреба
или во упатството за употреба на
додатоците.
► Не вметнувајте предмети во отворите на
косилката за трева.
► Заменете ги изабените или оштетени
информативни знаци.
► Ако нешто не е јасно: Обратете се кај
овластен дистрибутер на STIHL.
0478-121-9805-A
4.6.2
Нож
Ножот е во безбедна состојба доколку се
исполнети следниве услови:
– Нема оштетување на ножот и додатоците.
– Ножот не е деформиран.
– Ножот е правилно монтиран.
– Ножот е правилно наострен.
– Ножот не е изгребан.
– Ножот е правилно балансиран.
– Минималната дебелина на ножот не е
намалена,
18.2.
– Острењето назад на ножот не е надминато,
18.2.
– Се придржувате до наведениот агол на
острење,
18.2.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■ Ако не е во безбедна состојба, делови од
ножот може да се олабават и да излетаат.
Луѓето може да бидат сериозно повредени.
► Работете со неоштетен нож и
неоштетени додатоци.
► Правилно монтирајте го ножот.
► Правилно наострете го ножот.
► Доколку не се достигне минималната
дебелина: Заменете го ножот.
► Доколку острењето назад се пречекори:
Заменете го ножот.
► Избалансирајте го ножот во овластен
дистрибутер за STIHL.
► Ако нешто не е јасно: Обратете се кај
овластен дистрибутер на STIHL.
4.7
Електрично приклучување
Контактот со компоненти што спроведуваат
струја може да настане од следниве причини:
– Кабелот за продолжување е оштетен.
– Мрежниот приклучок на кабелот за
продолжување е оштетен.
– Штекерот не е инсталиран правилно.
ОПАСНОСТ
■ Контактот со компоненти што спроведуваат
струја може да доведе до струен удар.
Корисникот може да биде сериозно
повреден или да загине.
► Проверете дали кабелот за
продолжување и неговиот мрежен
приклучок се неоштетени.
Ако кабелот за продолжување е
оштетен:
► Не допирајте го оштетеното
место.
► Извлечете го мрежниот приклучок
од штекерот.
македонски
525