7 Електрично приклучување на косилката за трева
6.3.3
Откачување на корпата за
искосената трева
► Исклучете ја косилката за трева.
► Извлечете го куплунгот на кабелот за
продолжување од мрежниот приклучок на
косилката за трева.
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
► Отворете и држете ја клапната за
исфрлање.
► Со рачката, подигнете ја корпата за
искосената трева нагоре.
► Клапната за исфрлање се затвора.
7
Електрично
приклучување на
косилката за трева
7.1
Електрично приклучување на
косилката за трева
► Вметнете го куплунгот на кабелот за
продолжување (1) во мрежниот приклучок
(2) на косилката за трева.
► Повлечете ја јамката на кабелот низ
отворот (3).
► Зацврстете ја јамката на кабелот на куката
(4).
Поврзувањето на кабелот се ослободува со
повлекување.
► Вметнете го кабелот за продолжување во
правилно инсталиран штекер.
8
Вклучување и
исклучување на
косилката за трева
8.1
Вклучување на косилката за
трева
► Проверете дали кабелот за продолжување
е поставен видливо и секогаш се наоѓа зад
косилката за трева.
► Не навалувајте ја косилката за трева.
► Ставете ја косилката за трева на рамна
површина.
0478-121-9805-A
► Притиснете го копчето за заклучување (1)
со десната рака и држете го притиснато.
► Со левата рака повлечете ја рачката-
прекинувач (2) целосно во правец на
рачката за држење (3) и држете ја така што
со палецот ја опфаќате рачката за држење
(3).
Ножот ротира.
► Отпуштете го копчето за заклучување (1).
► Држете ги рачката за држење и рачката-
прекинувач (2) со десната рака така што со
палецот ја опфаќате рачката за држење (3).
8.2
Исклучување на косилката за
трева
► Отпуштете ја рачката-прекинувач.
► Почекајте додека ножот не престане да се
врти.
► Ако ножот продолжи да ротира: Извлечете
го куплунгот на кабелот за продолжување
од мрежниот приклучок на косилката за
трева и обратете се кај овластен
дистрибутер на STIHL.
Косилката за трева е дефектна.
9
Проверка на косилката за
трева
9.1
Проверка на контролите
Копче за заклучување и рачка-прекинувач
► Исклучете ја косилката за трева.
► Извлечете го куплунгот на кабелот за
продолжување од мрежниот приклучок на
косилката за трева.
► Притиснете и отпуштете го копчето за
заклучување.
► Повлечете ја рачката-прекинувач целосно
во правец на рачката за држење и потоа
отпуштете ја.
македонски
531