210 | Македонски
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN 60745-2-3.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со A
типично изнесува: ниво на звучен притисок 93 dB(A);
ниво на звучна јачина 104 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
три насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745-2-3:
Брусење на површини (груба обработка):
2
2
a
=7,5 m/s
, K=1,5 m/s
,
h
Брусење со брусен лист:
2
2
a
=7,5 m/s
, K=1,5 m/s
.
h
Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е
измеренo со нормирана постапка за мерење и може да
се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена
на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Монтирање на заштитен уред
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на
работата или при оштетување на уредот за прифат на
заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати
во сервисната служба, за адресата погледнете во делот
„Сервисна служба и совети при користење".
Заштитен капак за брусење
Поставете го заштитниот капак (7) на грлото на
вретеното. Подесете ја позицијата на заштитниот капак
(7) според потребите на работниот процес. Фиксирајте го
заштитниот капак (7) така што ќе ја затегнете завртката за
фиксирање (8) со комбинираниот клуч (5).
1 609 92A 56A | (19.06.2019)
Поставете ја заштитната хауба (7) на тој начин што
u
ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето
што ја користи.
Напомена: Кодираните запци на заштитниот капак (7)
гарантираат, дека на електричниот алат може да се
монтира само еден заштитен капак што му одговара.
Заштитна хауба за сечење
При сечењето со композитни брусни средства
(векторски збир на
u
h
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
(14).
При сечењето во камен погрижете се за доволно
u
вшмукување на правта.
Заштитната хауба за сечење (14) се монтира како
заштитна хауба за брусење (7).
Дополнителна рачка
Користете го вашиот електричен алат само со
u
дополнителна рачка (4).
Навртете ја дополнителната рачка(4) од десно или од
лево на погонската глава во зависност од начинот на
работа.
Заштита за дланките
За работење со гумен диск за брусење (17)или со
u
лончеста четка/плочеста четка/ламелеста брусна
плоча секогаш монтирајте ја заштитата за рацете
(16).
Зацврстете ја заштитата за рацете (16) со
дополнителната рачка (4).
Монтирање на брусни алати
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Исчистете го вретеното за брусење (6) и сите делови за
монтирање.
За зацврстување и олабавување на брусните алати
притиснете го копчето за блокирање на вретеното (1), за
да го зацврстите вретеното за брусење.
Притиснете го копчето за блокирање на вретеното
u
само кога вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот алат може да се
оштети.
Брусни плочи/брусни плочи за сечење
Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.
Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната
прирабница. Не користете адаптери или редуктори.
При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење
внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на
дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со
правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја
стрелката за правец на вртење на погонската глава).
Bosch Power Tools