Descargar Imprimir esta página

Bosch GOF 1250 CE Manual Original página 166

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 29
OBJ_BUCH-2018-003.book Page 165 Tuesday, January 21, 2014 1:55 PM
Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Вклучување/исклучување
Пред вклучувањето/исклучувањето поставете ја
длабочина на глодање, погледнете во делот „Подесување
на длабочината на глодање".
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
28 и држете го притиснат.
За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за
вклучување/исклучување 28 притиснете го копчето за
фиксирање 2.
За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 28 одн.
доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање 2, кратко
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
28 и потоа ослободете го.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Константна електроника
Константната електроника држи постојан број на вртежи
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Фин старт
Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот
момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на
моторот.
Заштита од преоптоварување
Заштитата при преоптоварување, при екстремно
преоптоварување го спречува преголемиот довод на
струја. Ова може да доведе до намалување на бројот на
вртежи на моторот и излезната јачина, а во екстремни
случаи и до запирање на моторот.
По растеретувањето на електричниот апарат, моторот
веднаш стартува со висок број на работни вртежи.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот апарат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување 28 ставете го во положба Исклучено и
одново вклучете го електричниот апарат.
Лост за деблокирање (види слика C)
Ресетирањето на лостот за деблокирање 22 се врши
веднаш по отпуштањето. За подобра сила на држење,
лостот за деблокирање 22 мора да се повлече до крај.
По потреба, силата на држење може дополнително да се
подеси. Ставете внатрешен шестаголен клуч (4 мм) во
отворот на рачката. За зголемување на силата на држење,
свртете го шестаголниот внатрешен клуч во правец на
Bosch Power Tools
стрелките од часовникот, а за намалување на силата на
држење во правец спротивен на стрелките од часовникот.
Подесување на длабочината за глодање (види
слики D и E)
 Подесувањето на длабочината на глодање смее да
се врши само доколку електричниот апарат е
исклучен.
За грубо подесување на длабочината на глодање
постапете на следниот начин:
– Електричниот апарат со монтирана глодалка поставете
го на делот што се обработува.
– Со вртливото копче 24 поставете ги границите на фино
подесување на средината. Свртете го вртливото копче
24, додека не се поклопат ознаките 18 како што е
прикажано на сликата. На крај свртете ја скалата 23 на
„0".
18
– Градираниот граничник 9 поставете го на најнизок
степен; при вклопувањето градираниот граничник
кликнува.
– Олабавете го шрафот на граничникот за длабочина 15
14, така што граничникот за длабочина 14 ќе може
слободно да се движи.
– Притиснете го лостот за деблокирање 22 и полека
водете ја површинската глодалка надолу, додека
глодалката 5 не ја допре површината на делот што се
обработува. Повторно отпуштете го лостот за
деблокирање 22 за да ја фиксирате оваа позиција.
– Притиснете го граничникот за длабочина 14 надолу,
додека не легне на градираниот граничник 9.
GOF 1250 LCE: Вклучете го дигиталното подесување
на длабочина на прекинувачот за вклучување/
исклучување 17. Притиснете го копчето 16 за
подесување на нулта точката на граничникот за
длабочина 14.
GOF 1250 CE: Лизгачот со индекс ознаката 26
наместете го на позиција „0" на скалата за длабочина на
глодање 25.
– Поставете го граничникот за длабочина 14 на саканата
длабочина за глодање и затегнете го шрафот 15 на
граничникот за длабочина 14.
GOF 1250 CE: Внимавајте на тоа, лизгачот со индекс
ознаката 26 да не го поместувате повеќе.
– Притиснете го лостот за деблокирање 22 и водете ја
површинската глодалка во најгорната позиција.
При големи длабочини на глодање треба да се направат
повеќе процеси на обработка со помало вадење
струготини. Со помош на градираниот граничник 9 може
да го поделите процесот на глодање на повеќе степени.
Притоа, подесете ја саканата длабочина на глодање со
најнизок степен на градираниот граничник и за првиот
процес на обработка изберете го највисокиот степен.
Македонски | 165
1 609 92A 0LW | (21.1.14)

Publicidad

loading