3.3 Push & Clean (Притисни и исчисти)
Машината „PC" е опремена со систем за полуавтоматско чистење на филтерот, Push & Clean (Притисни и исчисти) .
Системот за чистење на филтерот треба да се активира кога перформансите на вшмукување ќе почнат да
слабеат . Редовната употреба на функцијата за чистење на филтерот ги одржува перформансите на вшмукување и
го продолжува работниот век на филтерот . За упатства, погледнете во водичот за брзо започнување .
3.4 AFC – Автоматско чистење на филтерот
Машината „AFC" е опремена со систем за автоматско чистење на филтерот, Auto Filter Cleaning (Автоматско
чистење на филтерот) . Чест циклус за чистење автоматски ќе се вклучува за време на работењето за да се
обезбедат најдобри перформанси на вшмукување .
Ако перформансите на вшмукување се намалат или при извршување работи во многу правлива средина, се
препорачува рачно чистење на филтерот:
• Исклучете ја машината .
• Затворете ги млазниците или цревото за вшмукување со дланката .
• Поставете го прекинувачот во положбата „I" и оставете ја машината да работи со најголема брзина околу 10
секунди со затворен отвор на цревото за вшмукување .
Ако моќта на вшмукување сè уште е намалена, извадете го филтерот и исчистете го механички или заменете го
филтерот . За одредени намени како што е вшмукувањето течности, се препорачува да го исклучите системот за
автоматско чистење на филтерот . За подетални информации, погледнете го поглавјето 3 .1 .
3.5 Антистатичко поврзување
ВНИМАНИЕ
Машината е опремена со антистатички систем за празнење на статичкиот електрицитет што може да настане
при вшмукувањето прашина .
Антистатичкиот систем се наоѓа на предниот дел на горниот дел со моторот и создава спој со заземјувањето на
спојката на доводот на садот . За правилно работење, се препорачува употреба на електрично спроводливо или
антистатичко црево за вшмукување . Кога вметнувате изборна вреќичка за една употреба, погрижете се да има
воспоставено антистатичко поврзување .
3.6 Филтер за ладење на моторот
За да се заштити електрониката и моторот, машината е опремена со филтер за ладење на моторот . Чистете го
филтерот за ладење на моторот редовно .
Во областите со висока концентрација на фина прашина во околниот воздух, се препорачува да ја опремите
машината со изборен филтер за ладење на моторот PET, за да се спречи насобирање на прашината во
воздушните канали и моторот . Контактирајте со вашиот локален продавач .
ВНИМАНИЕ
Доколку филтерот за ладење на моторот е затнат од прашина, може да се активира прекинувачот за заштита од
преголемо оптоварување на моторот . Доколку се случи тоа, исклучете ја машината, исчистете го филтерот за
ладење на моторот и оставете ја машината да се излади околу 5 минути .
3.7 Вшмукување течности
ВНИМАНИЕ
Машината е опремена со систем за ограничување на нивото на вода, кој ја исклучува машината кога ќе се
достигне максималното ниво на течност . Ако се случи тоа, исклучете ја машината . Исклучете ја машината од
приклучницата за напојување и испразнете го садот . Никогаш не вшмукувајте течности без да го поставите
системот за ограничување на нивото на вода и филтерот .
Mirka® Dust Extractor • 1230 M & 1242 M • 230 V / 100–120 V • PC & AFC
mk
229