Descargar Imprimir esta página

MIRKA 1230 M Instrucciones De Manejo página 231

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 91
4.3 Складирање
ВНИМАНИЕ
Складирајте го уредот на суво место, заштитено од дожд и мраз . Машината мора да се складира во затворен
простор .
4.4 Складирање на дополнителната опрема и алатите
За практичен транспорт и складирање на дополнителната опрема или алати, странично на машината се
вградени шини кои овозможуваат прицврстување со ленти или други начини . На задниот дел на машината
се наоѓаат флексибилна лента и куки за закачување на цревото за вшмукување или кабелот за напојување . За
инструкции, погледнете во водичот за брзо започнување .
На врвот на машината може да се монтира изборна дополнителна опрема со систем за прикачување за
прицврстување кутии за складирање во 2 или 4 точки . Исклучете ја машината од приклучницата за напојување
пред да ја монтирате дополнителната опрема за прицврстување кутии .
ВНИМАНИЕ
Не ја кревајте машината и дополнителната опрема за прицврстување кутии пред да се осигурите дека кутијата
за складирање е правилно монтирана . При складирањето забележете ја тежината и рамнотежата на уредот .
Максималната тежина на кутиите за складирање е 30 kg .
4.5 Рециклирање на машината
Оневозможете го користењето на старата машина .
1 . Исклучете ја машината од напојувањето .
2 . Исечете го кабелот за напојување .
3 . Не ги фрлајте електричните уреди заедно со обичниот куќен отпад .
Како што е наведено во европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски
уреди, користените електрични добра мора одделно да се собираат и еколошки да се
рециклираат .
5. Одржување
5.1 Редовно сервисирање и прегледи
Редовното сервисирање и проверки на вашата машина мора да го извршуваат соодветно квалификувани лица,
во согласност со релевантните правила и прописи . Особено често треба да се извршуваат електрични тестови за
континуитетот на заземјувањето, отпорот на изолацијата, како и за состојбата на флексибилниот кабел .
Во случај на каков било дефект, машината МОРА да се повлече од употреба и целосно да ја провери и да ја
поправи овластен сервисер . Најмалку еднаш годишно, техничар од компанијата Mirka или обучено лице мора
да изврши техничка инспекција во која ќе бидат вклучени филтрите, пропустливоста на воздух и контролните
механизми .
5.2 Одржување
Отстранете го приклучокот од приклучницата за напојување пред одржувањето . Пред да ја користите машината,
проверете дали фреквенцијата и напонот прикажани на типската табличка соодветствуваат на напонот на
напојувањето .
Машината е наменета за постојана работа под големо оптоварување . Во зависност од бројот на работни часови,
филтерот за прашина треба да се обновува . Чувајте ја машината чиста со помош на сува крпа и малку спреј за
полирање .
Mirka® Dust Extractor • 1230 M & 1242 M • 230 V / 100–120 V • PC & AFC
mk
231

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

1242 m