Descargar Imprimir esta página

GGP ITALY ES 414 Manual De Instrucciones página 34

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 26
MK
ПРАВИЛА ЗА БЕЗБЕДНОСТ
СТРОГО ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ ДО ОВИЕ ПРАВИЛА
А) ОБУКА
1) Внимателно прочитајте ги упатствата. Запознајте се со
командите и правилното користење на косачката. Научете
како брзо да го сопрете моторот.
2) Употребувајте ја косачката само за она за што е
наменета, односно за косење и собирање на тревата. Било
каква друга употреба може да биде опасна и да предизвика
оштетување на машината.
3) Никогаш не дозволувајте деца или лица кои не ги познаваат
овие упатства да ја употребуваат косачката. Можно е да
постојат локални законски прописи во поглед на возраста на
корисникот.
4) Никогаш немојте да ја користите тревокосачката:
- кога во нејзина непосредна близина се наоѓаат други лица,
деца или домашни животни и миленици;
- ако корисникот е под дејство на лекарства или други
супстанции кои можат да влијаат на неговата способност за
брзо реагирање и концентрација.
5) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или
опасноста по други лица или нивниот имот.
В) ПОДГОТОВКА
1) Кога косите, секогаш носете долги пантолони и
издржливи обувки. Немојте да работите со тревокосачката
босоноги или во отворени сандали.
2) Внимателно прегледајте ја површината каде ќе ја
употребите тревокосачката и отстранете ги сите објекти кои
таа би можела да ги исфрли (камења, стапчиња, колчиња,
парчиња жица, коски, итн.).
3) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Г оривото е лесно запалливо:
- Г оривото складирајте го во садови специјално изработени за
таа намена.
- Турајте гориво со инка и секогаш на отворено. Немојте да
пушите додека туривате гориво или ракувате со горивото.
- Турете гориво пред да го запалите моторот. Никогаш немојте
да го отворате капачето на резервоарот или да дополнувате со
гориво додека моторот работи или е уште загреан.
- Ако се истури гориво, немојте да го палите моторот, туку прво
отстранете ја косачката од местото на истурање и избегнувајте
палење на оган додека не испари целото истурено гориво.
- Докрај затворајте го капачето на резервоарот и садовите со
гориво.
4) Заменете ги неисправните придушувачи.
5) Пред да започнете со косење, секогаш визуелно
прегледајте ја косачката, посебно ножот, и проверете дали
сите завртрки и целиот склоп на ножот е неоштетен или
истрошен. Истрошените или оштетени ножеви и завртки
менувајте ги во комплети, за да се зачува балансот.
6) Пред косење, поставете ги штитниците на излезните отвори
(зафаќачот на откос или дефлекторот).
С) КОРИСТЕЊЕ
1) Немојте да го палите моторот и да работите со косачката во
ограден или затворен простор каде може да се соберат
опасните јаглерод-моноксидни гасови.
2) Косете само дење или при добро вештачко осветление.
3) Избегнувајте употреба на косачката на влажна трева, ако е
можно.
4) Внимателно движете со по косини.
5) Немојте да трчате и не дозволувајте косачката да ве влече.
6) На косини косете вдолж наклонот, никогаш попреку (нагоре-
надолу).
7) При менување на насоката и правецот на движење на
косини бидете посебно внимателни.
8) Немојте да косите на наклони поголеми од 20°.
9) Кога ја повлекувате косачката кон себе, бидете посебно
внимателни.
10) Кога косачката треба да ја пренесете преку површина која
не е под трева, или додека ја носите до површината која треба
да се коси, запрете до ножот.
11) Немојте да ја користите косачката со неисправни штитници,
или без штитници.
12) Не менувајте ги местењата на моторот и немојте да го
користите при превисоки вртежи.
13) На моделите со погонски тркала исклучете го погонот пред
да го стартувате моторот.
32
14) Моторот стартувајте го според упатствата и осигурете се
дека нозете се на сигурна оддалеченост од ножот.
15) Кога го стартувате моторот немојте да ја навалувате
косачката.
Моторот стартувајте го на рамна површина без запреки и
висока трева.
16) Не ги приближувајте рацете или ноуете до или под
подвижните делови на косачката. Секогаш држете се
настрана од отворите.
17) Никогаш немојте да ја кревате или носите косачката ако
моторот работи.
18) Запрете го моторот и исклучете го кабелот на
свеќичката:
- пред да пристапите кон било каква работа под платформата
на ножот или отворот за исфрлање;
- пред проверка, чистење или работа на тревокосачката;
- по удар во непознат предмет. Проверете дали тревокосачката
е оштетена и поправете ја пред да продолжите со работа;
- ако косачката почне да вибрира невообичаено силно
(проверете ја косачката и отстранете ја причината за
вибрациите);
19) Запрете го моторот:
- кога тревокосачката ја оставате без надзор. Од моделите со
електричен стартер извадете го клучот;
- пред дополнување со гориво;
- секогаш кога го вадите или заменувате магацинот за трева;
- пред регулирање на височината на косење.
20) При гаснење на моторот, прво намалете ги вртежите, а по
гаснењето и по завршување со работа затворајте ја славинката
на доводот за гориво.
21) Кога косите, држете се на безбедно растојание од ножот.
Тоа растојание е должината на ракофатот за водење на
тревокосачката.
D) ОДРЖУВАЊЕ И ОДЛАГАЊЕ
1) Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно
зацврстени за да сте сигурни дека косачката е безбедна за
работа. Редовното одржување е основен предуслов за
безбедност и за одржување на добрите перформанси на трево-
косачката.
2) Никогаш немојте да ја одлагате тревокосачката со полн
резервоар во зграда каде испарувањата можат да допрат до
отворен пламен или извор на топлина.
3) Пред одлагање во затворена просторија, дозволете моторот
да се излади.
4) За да го намалите ризикот од запалување, одржувајте го
моторот, придушувачот на издувот, делот со акумулаторот
и местото каде го чувате горивото чисти и без остатоци од
трева, лисје или масни наслојки. Во таа просторија немојте
да чувате контејнери со отпадоци.
5) Проверувајте го дефлекторот и магацинот почесто за да
утврдите навреме дали се оштетени или истрошени.
6) Ако резервоарот треба да се празни, ова треба да се прави
на отворено и кога моторот е оладен.
7) Кога го вадите или склопувате ножот, носете груби работни
ракавици.
8) После острењето, проверете ја урамнотеженоста на
ножот. Сите операции кои се однесуваат на ножот
(расклопување, острење, урамнотеженост, склопување и/или
замена) се работа која бара специфична надлежност како и
примена на соодветни алатки; поради безбедносни причини,
потребно
е
сите
операции
специјализиран центар.
9) Заради безбедност, немојте да ја употребувате трево-
косачката ако некои делови се во лоша состојба или
оштетени. Таквите делови се заменуваат - не се поправаат.
Користете само оригинални резервни делови (ножевите
секогаш треба да имаат ознака
квалитет можат да ја оштетат косачката,
доведат во опасност.
E) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1) Секогаш кога е потребно движење, подигнување, транспорт
или наведнување на тревокосачката, потребно е:
- а да носите цврсти ракавици за работа;
- а да ја фатите тревокосачката на места кои нудат сигурно
прифаќање, водејќи сметка за тежината и за нејзиниот
транспорт;
- да ангажирате луѓе што соодветствуваат со тежината на
машината и на карактеристиките на превозното средство или
на местото каде што машината треба да биде поставена или
подигната.
да
бидат
извршени
). Делови со несоодветен
а вас да ве
во

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Es 464Es 464 trEs 464 tr-eEs 534Es 534 trEs 534 tr-e