6.1.1 Регулација на предната рачка
1. Олабавете ја спојката (Сл. 11.А);
2. придвижете ја предната рачката во
најергономската позиција за операторот;
3. прицврстете ја спојката.
6.1.2 Прилагодување на
должината на оската
1. Олабавете го вртливото
копче (Сл. 12.А) во насока на
стрелката - отклучен катанец;
2. Повлечете или лизнете ја
рачката (сл. 12.B) за да ја
постигнете саканата должина
3. Кога ќе ја регулирате должината,
затегнете ја рачката убаво следејќи
го правецот што го посочува
стрелката - затворен катанец.
6.1.3 Порамнување на сечилата
Насоката на сечилата овозможува да
работите согласно режимот за косење трева
или за поткастрување огради и обратно.
За да работите во режимот за
кастрење жива ограда:
– Притиснете го копчето (Сл. 13.A);
– Завртете ги сечилата (Сл. 13.B)
за 90°, и уверете се дека се
блокирани во позиција.
Изведете ги овие операции
само кога машината е исклучена,
а уредот со сечивото е застанат.
6.1.4 Прилагодување на индикаторот
за ограничување на сечење
– Свртете го напред индикаторот за
ограничување на сечењето (14.А) кога
работите во близина на дрва, нерамен
терен или тротоари за да се избегне
оштетување на уредот за косење.
6.1.5 Контрола на батеријата
Пред секоја употреба:
– проверете ја состојбата на полначот
за акумулаторот следејќи ги насоките
посочени во упатството за акумулаторот.
6.1.6 Употреба на ранецот
(доколку е достапен)
1. Вметнете ја батеријата во една
од преградите на ранецот (Сл. 8)
и турнете ја за да влезе докрај,
сè додека не слушнете кликнување
што сигнализира дека батеријата се
фиксирала во преградата, а потоа
проверете го електричниот контакт;
2. Поврзете го кабелот со ранецот во
соодветната приклучница (Сл. 9.A)
и ротирајте го сè додека не слушнете
кликнување што сигнализира
дека кабелот се фиксирал во
приклучницата, а потоа проверете
го електричниот контакт;
3. подесете го ременот и закопчајте
го појасот напред (Сл. 15).
6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Спроведете ги следните безбедносни
контроли и проверете дали резултатите
соодветствуваат со даденото во табелата.
Секогаш проверувајте ги
безбедносните контроли пред работа.
6.2.1 Општа контрола
Предмет
Рачки (сл. 1.E)
Заштита на
сечилото (сл. 1.D)
Завртки на машината
Уред со сечивото
(сл. 1.C)
Батерија (сл. 1.G)
Отвори за воздух за
ладење (пас. 7.3)
Машина
Рачка за управување
со брзина (Сл. 10.A),
безбедносна рачка
за брзина (Сл. 10.B)
Пробно возење
MK - 11
Резултат
Чисти, исушени,
правилно и цврсто
фиксирани на машината.
Правилно и цврсто
фиксирана на машината
без знаци на изабеност/
оштетувања.
Добро зашрафени
(не разлабавени)
Чист, не треба да е
оштетен или изабен
Без никакви
оштетувања на
куќиштето и без
протекување на течност
Без пречки
Нема знаци на
оштетување или абење
Рачките мора да се
движат слободно и
без примена на сила.
Нема чудни вибрации.
Нема чудни звуци