Македонски | 173
По вклучувањето, автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува
нерамнините во полето на самонивелирање од ±3,5°. Нивелирањето е завршено
штом ласерските линии светат постојано и не се движат повеќе.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејќи подлогата на
мерниот уред отстапува повеќе од 3,5° од хоризонталата, ласерските линии
трепкаат постојано и брзо, и мерниот алат работи без автоматско нивелирање.
Ласерските линии остануваат вклучени, а двете вкрстени линии не мора да се една
кон друга во прав агол.
За повторно да работите со автоматско нивелирање, поставете го мерниот уред
хоризонтално и почекајте да се самонивелира. Штом мерниот уред ќе се најде и
израмни во полето на самонивелирање од ±3,5° ласерските линии повторно светат
непрекинато.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред
повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја
позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на
референтните точки за да се избегнат грешки со поместување на мерниот уред.
Контрола на точноста на мерниот уред
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики
кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате
термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно,
поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата
специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој
почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната
ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска
линија.
Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максималното
отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.
Проверка на точноста на висината на хоризонталната линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 m на цврста подлога
помеѓу два ѕида A и B.
– Монтирајте го мерниот уред во близина на ѕидот A на еден статив или поставете
го на цврста, рамна подлога. Ставете го мерниот уред на магнетниот ротационен
Bosch Power Tools
1 609 92A 8C4 | (05.07.2023)