Descargar Imprimir esta página

AL-KO solo Premium 15-95.6 HD-A Traducción Del Manual Original De Instrucciones página 477

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 86
Чистење на тракторската косилка
6.6.9
Одржување на ножот за сечење
Погрижете се ножот за сечење да остане
остар за време на целата сезона на косење за
да избегнете откинување и раскинување на
тревките. Откинатите тревки се кафеави на
рабовите. Со тоа се намалува нивното
растење и го прави тревникот подложен на
болести.
Проверете ги ножевите за сечење за
острина и знаци на истрошување или
оштетување по секоја употреба! Ако е
потребно сервисирајте ги веднаш.
При замена на ножевите користете само
оригинални резервни ножеви.
7 ЧИСТЕЊЕ НА ТРАКТОРСКАТА
КОСИЛКА
За оптимална функција и долг животен век
тракторската косилка мора редовно да се
чисти.
По секое користење исчистете ја тракторската
косилка од налепени нечистотии.
За чистење, по можност користете
компримиран воздух и четка. Водениот млаз
од уред за чистење под висок притисок или
градинарско црево може да го оштети
електричниот систем или лагерите.
Особено внимавајте да не дојде вода во
контакт со моторот, менувачот и тркалцата за
преусмерување, како и целиот електричен
систем.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасности при
чистењето! При сите работи за чистење
важи:
Исклучете го моторот и извлечете го
контактниот клуч.
Отстранете го конекторот на свеќичката.
Отстранетите заштитни уреди поради
чистењето мора повторно да се монтираат
по чистењето.
ОПАСНОСТ ОД ИЗГОРЕНИЦИ: Чистете ја
тракторската косилка дури откако ќе се
излади. Моторот, менувачот и
придушувачот на звукот се многу топли!
ОПАСНОСТ ОД СЕЧЕЊЕ: При работење
на алатките за сечење внимавајте на
острите ножеви. Кај алатки за косење со
повеќе од едно сечило, движењето на
едно сечило може да предизвика движење
и на другото!
493723_b
7.1
Чистење на корпата за собирање
трева
Спуштете ја корпата за собирање трева и
исшприцајте ја од внатре и надвор со црево
за вода. Поцврсто налепените нечистотии
мора внимателно да се истругаат, на пример
со четка. Кај корпите за собирање трева со
ткаена навлака внимавајте особено на тоа да
не се оштети ткаенината.
НАПОМЕНА Пред чистењето испразнете
ја корпата за собирање трева како што е
опишано. Една полна корпа за собирање
трева е премногу тешка за да би можеле
безбедно да ја симнете.
Симнување на корпа за собирање трева
1. Исклучете го моторот.
2. Лесно подигнете ја корпата за собирање
трева.
3. Извадете ја корпата за собирање трева на
нагоре.
Симнување на електрично контролираната
корпа за собирање трева
1. Исклучете го моторот.
2. Проверете дали електрично
контролираната корпа за собирање трева
е затворена.
3. Подигнете ја корпата за собирање трева
(околу 30°).
4. Извадете ја корпата за собирање трева на
нагоре.
7.2
Чистење на куќиштето, моторот и
менувачот
ВНИМАНИЕ! Оштетување на
електричната постројка поради навлезена
вода! За чистење, по можност користете
компримиран воздух и четка.
Не користете вода или уред за чистење под
висок притисок за прскање на моторот или на
лагерските точки (тркала, менувач, лагер на
нож).
Навлезената вода во системот за палење,
карбураторот и филтерот за воздух може да
предизвика дефекти. Водата во лагерските
точки може да доведе до губење на
подмачкувањето а тоа може да предизвика
непоправлива штета на лагерите.
За отстранување на нечистотија и остатоци од
трева користете крпа, рачна метла, долга
четка или слично.
477

Publicidad

loading