Монтирање на лизгачки валјак (опрема)
(види слика F)
Вметнете ги 4 чивиите за прицврстување на лизгачките
валјаци (30) во прифатот за лизгачки валјаци (31),
додека не слушнете да се вклопат.
Според нормата EN 12529 (дијаметар на чивијата за
прицврстување 11 mm) може да се користат и други
лизгачки валјаци.
Проверете ја функционалноста на сопирачката на
u
тркалцето пред да започнете со користење на
всисувачот.
Употреба
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или
u
чистењето на всисувачот, пред да направите на
поставки на уредот, замена на деловите или тргање
на всисувачот настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на всисувачот.
Притоа внимавајте на чист и уреден работен
u
простор поради опасност од сопнување.
Ставање во употреба
Всисувачот не смее да се користи без филтер.
u
Користете само неоштетен филтер (без пукнатини,
u
дупчиња итн.). Веднаш заменете го оштетениот
филтер.
Пред всисувањето бидете сигурни дека единицата
u
на филтерот е цврсто монтирана.
Пред да всисувате проверете дали капакот на
u
преградата за батерии е безбедно затворен.
Ве молиме информирајте се за важечките
u
одредби/закони во врска со постапувањето со
честички прав што се штетни по здравјето.
Правта од камен всисувајте ја само со експлицитно
u
наведена комбинација на електричен алат и систем
за всисување, за што е докажано дека законските
ограничувања се испочитувани. Напомените ќе ги
најдете на http://www.bosch-professional.com/dust.
Во основа, всисувачот не смее да се користи во
простории каде постои опасност од експлозија.
За да се овозможи оптимален капацитет на всисување,
мора секогаш целосно да го одвиткате цревото за
всисување (13) од држачот на цревото за
всисување (27).
Вклучување/исклучување
Завклучување на всисувачот притиснете го копчето за
вклучување-исклучување (3).
За исклучување на всисувачот, одново притиснете го
копчето за вклучување-исклучување (3).
Поради безбедносни причини всисувачот не се вклучува,
ако го држите притиснато копчето за вклучување-
исклучување (3) подолго од 5 s.
Bosch Power Tools
Вшмукување на суви материјали
Всисување на правта што се создава додека работат
електричните алати (види слика G)
Мора да постои доволен степен на проток на воздух
u
во просторот, бидејќи издувниот воздух се враќа
во просторијата. Внимавајте на односните прописи
во земјата.
– Монтирајте го адаптерот за всисување (14) или
свитканата млазница (15) (види „Монтирање на
адаптерот за всисување или заоблената млазница
(види слика D)", Страница 160).
– Вметнете го адаптерот за всисување (14) или
свитканата млазница (15) во млазниците за всисување
на електричниот алат.
Само со користење на адаптер за всисување (14):
Напомена: При работење со електрични алати, чијшто
довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр.
убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот
за дополнителен (32) на адаптерот за всисување (14). Со
тоа се подобрува целокупниот капацитет на всисувачот и
на електричниот алат. Притоа, свртете го прстенот над
отворот за непотребен воздух (32), додека не се појави
максимален отвор.
Вшмукување на влажни материјали
Со всисувачот не всисувајте запаливи или
u
експлозивни течности, на пр. бензин, масло,
алкохол, средства за растворање. Не всисувајте
жешка, запалива или експлозивна прав. Не го
користете всисувачот во простории каде постои
опасност од експлозија. Правта, пареата или
течностите може да се запалат или да експлодираат.
Пред всисување на влажни материи
– Испразнете го садот (1).
– Исчистете го филтерот (33) и повторно вметнете го во
всисувачот(види „Чистење/замена на филтерот
(види слики I1−I2)", Страница 162).
Всисувачот е опремен со пловка (34). Откако ќе се
постигне максималната висина на полнење, всисувањето
ќе се прекине.
По секое висување на влажни материи
– Испразнете го садот (1).
– Испразнете ја водата од филтерот (33).
По висување на влажни материи за да се избегне
создавање на мувла
– Извадете го горниот дел на всисувачот (5) и оставете
го добро да се исуши.
– Извадете го филтерот (33) и него оставете го добро да
се исуши (види „Чистење/замена на филтерот
(види слики I1−I2)", Страница 162).
Македонски | 161
1 609 92A 98S | (10.01.2024)