Bosch GTC 400 C Professional Manual Original página 231

Ocultar thumbs Ver también para GTC 400 C Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 36
OBJ_BUCH-3136-002.book Page 231 Tuesday, August 22, 2017 6:26 PM
Документација на мерни резултати
Зачувување на мерни резултати
Директно по вклучувањето мерниот уред започнува со ме-
рењето и континуирано го извршува сѐ до исклучувањето.
За да зачувате една слика, насочете ја камерата кон
саканиот мерен објект и притиснете на копчето Зачувај
11. Сликата се зачувува во внатрешната меморија на
камерата. Алтернативно, притиснете го копчето Замрзну-
вање на мерењето 17. Мерењето се замрзнува и Ви се
прикажува на екранот. Ова Ви овозможува мирно
набљудување на сликата. Ако не сакате да ја зачувате
замрзнатата слика, со копчето 17 повторно се враќате во
мерниот режим. Ако сакате да ја зачувате сликата во
внатрешната меморија на камерата, притиснете на
копчето Зачувај 11.
Повикување на зачуваните слики
За повикување на зачуваните слики постапете на
следниот начин:
– Притиснете на функциското копче лево 13. Сега на
екранот се појавува последната зачувана фотографија.
– За менување меѓу зачуваните топлотни слики, при-
тиснете на копчињата со стрелки Десно 8 или Лево 12.
Бришење на зачуваните слики
За бришење на одделните топлотни слики одете во
галеријата:
– Притиснете на десното функциско копче 7 под ознаката
Корпа.
– Потврдете ја постапката со левото функциско копче 13
или прекинете ја постапката на бришење со
притискање на десното функциско копче 7 под
ознаката Прекини.
Бришење на сите слики
Во менито „Бришење на сите слики" можете одеднаш да
ги избришете сите податоци, коишто се наоѓаат во
внатрешната меморија.
Притиснете на копчето „Func" 6 за повикување на
мерните функции. Сега притиснете го десното функциско
копче 7 и изберете „Уред" > „Бришење на сите слики".
Притиснете на копчето со стрелка десно 8, за да го
отворите подменито. Потоа притиснете или на левото
функциско копче 13 под ознаката знакот за штиклирање,
за да ги избришете сите податоци или на десното
функциско копче 7 под ознаката со крст за да го прекинете
процесот.
Пренос на податоци
Пренос на податоци преку USB-интерфејс
Отворете го капакот на микро-USB-отворот 3. Поврзете го
микро-USB-отворот на мерниот уред со помош на
испорачаниот микро-USB-кабел со Вашиот персонален
или мобилен компјутер.
Сега вклучете ја термовизиската камера со копчето 9.
Отворете го пребарувачот на податоци и изберете го дискот
„BOSCH GTC 400 C". Зачуваните JPG-датотеки може да се
ископираат од внатрешната меморија на мерниот уред и да
се поместат или избришат на Вашиот компјутер.
Bosch Power Tools
Штом ја завршите саканата постапка, извадете го дискот
стандардно и повторно исклучете ја термовизиската
камера со копчето 9.
За време на работењето тргнете го микро-USB-кабелот и
затворете го капакот 3.
Внимание: Секогаш прво одјавете го дискот од Вашиот
оперативен систем (вадење на дискот), инаку внатрешната
меморија на термовизиската камера може да се оштети.
Секогаш нека биде затворен капакот на USB-портата, за да
не можат да навлезат прав или испрскана вода во куќиштето.
Напомена: Поврзувајте го мерниот уред само со еден
компјутер или лаптоп. Уредот може да се оштети, ако го
поврзете со друг уред.
Напомена: Микро-USB-портата служи исклучиво за
пренос на податоци – преку неа не смее да се полнат
батерии и акумулатори.
Дополнителна обработка на топлотни слики
Зачуваните топлотни слики можете дополнително да ги
обработите на Вашиот компјутер со Windows-оперативен
систем. За тоа преземете го GTC-Transfer-софтверот од
страницата на производи на термовизиската камера на
www.bosch-professional.com/gtc.
Пренесување на податоци преку WiFi
Мерниот уред е опремен со WiFi модул, којшто овоз-
можува безжичен пренос на зачуваните слики од Вашата
термовизиска камера на мобилен краен уред.
За тоа како интерфејс за софтверот е потребна апли-
кацијата (App) „Measuring Master". Таа може да се
преземе во соодветните продавници за апликации во
зависност од крајниот уред:
Апликацијата „Measuring Master" Ви овозможува безжи-
чен пренос на Вашите слики, зголемен обем на функции и
поедноставување на дополнителната обработка, како и
препраќање на мерните податоци (на пр. преку е-маил).
Информации за потребниот системски предуслов за WiFi-
врска ќе најдете на интернет страницата на Bosch на
„www.bosch-professional.com/gtc".
За да ја активирате/деактивирате WiFi-врската со мерниот
уред, повикајте го главното мени, навигирајте со копчињата
за избор „WiFi" и активирате/деактивирате ја. На екранот
се појавува приказот e. Проверете дали WiFi-интерфејсот
на Вашиот мобилен краен уред е активиран.
По старт на Bosch-апликацијата (при активирани WiFi-
модули) се воспоставува врска помеѓу мобилниот краен
уред и мерниот уред. За тоа следете ги упатствата за
употреба „Measuring Master".
Македонски | 231
1 609 92A 3RD | (22.8.17)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido