Bosch GTC 400 C Professional Manual Original página 233

Ocultar thumbs Ver también para GTC 400 C Professional:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 36
OBJ_BUCH-3136-002.book Page 233 Tuesday, August 22, 2017 6:26 PM
TrackMyTools
Вградениот Bluetooth® Low Energy модул овозможува
персонализирање и статусна проверка на мерниот уред,
како и пренесување на поставките и податоците што се
базираат на Bluetooth®-безжичната технологија.
Снабдување со електрична енергија TrackMyTools-
Bluetooth®-модул
Мерниот уред е опремен со копчеста батерија, за да може
да биде детектиран од мобилен краен уред и без вметнат
акумулатор 23 одн. вметнати батерии преку TrackMyTools.
Дополнителни информации ќе добиете директно на
апликацијата на Bosch.
Пренос на податоци
TrackMyTools-Bluetooth®-модулот можете да го вклучите
одн. исклучите во поставките на уредот. Потоа се испраќа
постојан сигнал.
Интервалот за испраќање на модулот изнесува осум
секунди. Во зависност од околината, може да се потребни
до три интервали за испраќање, пред да се препознае
мерниот уред.
Напомена: Исклучете го TrackMyTools, ако сакате да се
задржите во деловите, каде е забрането емитувањето на
радио-бранови, на пр. во авион.
Регистрирање и инсталација на апликацијата/
веб апликацијата
За да можете да ја користите TrackMyTools, морате прво
онлајн да се регистрирате.
За тоа отворете ја веб-страницата
www.bosch-trackmytools.com и регистрирајте се. По
завршувањето на регистрацијата ќе ги добиете вашите
пристапни податоци.
Преземете ја апликацијата TrackMyTools преку
соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play
Store) или повикајте ја веб-апликацијата преку
https://web.bosch-trackmytools.com. Тука можете да се
најавите со вашите пристапни податоци.
Сега можете да додадете и да ја управувате вашата опрема
со помош на апликацијата/веб апликацијата.
Напомена: Прво целосно проследете го туторијалот на
апликацијата/веб апликацијата. Со тоа добивате подобар
преглед на начинот за креирање на листи и за
користењето на софтверот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само во
соодветна кутија како што е оригиналното пакување одн.
заштитната чанта (опрема). Не лепете налепници во
близина на инфрацрвениот сензор на мерниот уред.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
При чистењето во мерниот уред не смее да навлезе течност.
Не се обидувајте да ја извадите нечистотијата од сензорот,
камерата или приемната леќа со остри предмети и не ги
бришете камерата и приемната леќа (опасност од
гребнатини).
Bosch Power Tools
Ако сакате ново калибрирање на Вашиот мерен уред, Ве
молиме обратете се во сервисниот центар на Bosch
(адреси, види дел „Сервисна служба и совети при
користење").
Во случај на поправка пратете го мерниот уред во
оригиналното пакување или заштитната чанта (опрема).
Вградената копчеста батерија смее да се извади само од
страна на стручен персонал. Со отворање на куќиштето,
мерниот уред може да се уништи. Одвртете ги завртките
на куќиштето и извадете ја обвивката на куќиштето, за да ја
извадите копчестата батерија.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888
Транспорт
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на
Законот за опасни материјали. Батериите може да се
транспортираат само од страна на корисникот, без
потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.
воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се
внимава на специјалните напомени на амбалажата и
ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката
мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е
неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте
ја батеријата на тој начин што нема да се движи во
амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни
национални прописи.
Отстранување
Мерните уреди, акумулаторот/батериите,
опремата и амбалажите треба да се отстранат на
еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во
домашната канта за ѓубре!
Македонски | 233
1 609 92A 3RD | (22.8.17)

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido