Застанување; Совети За Работа; По Работата - Stiga SWS 600 GE Manual De Instrucciones

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 120
ЗАБЕЛЕШКА Секогаш користете
го моторот во целосне режим
додека работите со машината.
6.3.5 Вртење
Вртењето се насочува машината 
во саканиот правец. 
6.3.6 Менување на движењето
Менувањето на движењето се 
прави кога машината стои.
За да го смените движењето, 
постапете како што следи:
• Застанете ја машината пуштајќи ги 
командата за движење (сл. 12.D) и 
командата за четката (сл. 12.C).
• Преместете ја рачката за менувачот 
во саканата положба (сл. 12.A).
• Продолжете со нормална работа.
ВАЖНО Менувањето на правецот
додека машината се движи доведува до
оштетување на системот за пренос.
6.4 ЗАСТАНУВАЊЕ
За да ја застанете машината, пуштете 
ги командите за четката, (сл. 9.C) и 
командата за движење (сл. 9.D).
За да ја изгасите машината,поставете 
го прекинувачот за палење на 
OFF (исклучено) (сл. 10.A).
Не обидувајте се да ја изгасите
машината активирајќи ја командата
за придушувачот. Ова дејство
може да го оштети моторот.
Моторот може да е многу врел
веднаш по гаснење. Не допирајте ги
издувната цевка и околните делови.
Постои опасност од опекотини.
6.5 СОВЕТИ ЗА РАБОТА
Оваа машина може да се користи за 
чистење разни видови материјали 
и да работи во разни области.
Индикации за сите видови терени
• Секогаш одржувајте ја брзината за 
движење и за работа на четката во услови 
соодветни за материјалите за чистење и 
регулирајте на начин што материјалите 
ќе се чистат на рамномерен начин.
• Не нанесувајте голем притисок врз 
четката. За правилно чистење доволни 
се 5-10 см спуштеност на четката 
за поголемиот дел од работата.
• Намалете ги вртежите на моторот 
пред да го изгаснете.
Големи области
• Ако теренот не е рамен или груб, 
намалете ја брзината на движење 
за да избегнете потскокнување на 
четката и нејзино оштетување.
• Чистете централно, делејќи ја областа 
на 2 дела, а потоа исчистете ги 
останатите делови. Така се намалува 
обемот на работа на четката.
Снег
• Расчистувањето на снегот е поефикасно 
кога тој е уште свеж. Поминете неколку 
пати по зоните што веќе сте ги исчистиле 
за да ги расчистите остатоците од снег.
• Ако е можно, исфрлајте го снегот 
во правецот на ветрот. Проверете 
ги растојанието и правецот на 
расфрлање на снегот.
• Намалете ги вртежите на моторот 
пред да го изгаснете.
Ѓубре и камчиња
• За да ја намалите количината на прашина 
што ќе се подига со четката, работете 
со мала брзина на вртење на четката. 
Или работете кога времето е влажно 
или врне снег, или откако врнело.
• Ако на теренот има камчиња, регулирајте 
ја висината на четката лесно да ги 
чисти камењата избегнувајќи нивно 
отфрлање со што може да доведе до 
можни повреди или оштетувања.
Неодреден отпад
• Намалете ја брзината на движење и 
работете без да ја користите целата 
ширина за работа на машината.
6.6 ПО РАБОТАТА
• Исчистете ја машината (пасус 7.4).
• Поместете ги сите команди 
напред и назад неколку пати.
• Проверете дали придушувачот е исклучен.
• Проверете дали деловите се разлабавени 
или оштетени. Ако е потребно, заманете 
ги оштетените делови и затегнете ги 
разлабавените шрафови и навртки.
Не покривајте ја машината додека
не се изладат моторот и придушувачот.
МК - 9

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Swr 2604Swr 2604 sSwr 2804Swr 2804 s

Tabla de contenido