• Употребата на резервни делови и дополнителна
опрема коишто не се оригинални и/или не
се правилно поставени, може да доведе до
несакани ефекти врз работата и безбедноста
на машината. Производителот ја отфрла сета
одговорност во случај на штети, инциденти или
повреди предизвикани од такви производи.
• Оригиналните резервни делови се
набавуваат во сервисните центри или
кај авторизираните застапници.
ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација
коишто несе опишани во ова упатство треба да се
извршат кај застапникот или во овластен сервис.
7.2
ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
За да наполните гориво:
1.
Одвртете го капачето за затворање
на резервоарот и извадете го .
2.
Ставете ја инката.
3.
Наполнете гориво и извадете ја инката.
По полнењето, зашрафете го докрај капачето за
4.
горивото и исчистете ако ви се пролеало од него.
ЗАБЕЛЕШКА Не полнете го
резервоарот со гориво до грлото.
ВАЖНО Избегнувајте истурање бензин врз
пластичните делови на моторот или врз самата
машина за да се избегне оштетување и веднаш
исчистете ја секоја трага од бензин ако тој случајно
се излил. Гаранцијата не ги покрива оштетувањата
на пластичните делови предизвикани од бензин.
ЗАБЕЛЕШКА Горивото испарува и не
треба да се остава во резервоарот повеќе од
30 дена. Пред одложување на подолг период,
оставете малку гориво во резервоарот со што
ќе го завршите користењето (поглавје 9).
7.3
КОНТРОЛА / ДОПОЛНУВАЊЕ
МАСЛО ВО МОТОРОТ
За да обезбедите правилна работа и долготрајна
употреба на машината, редовно менувајте го
маслото во моторот согласно посочените периоди
во упатството за употреба за овој мотор.
Испуштањето на маслото од моторот може да се
направи во специјализиран сервис или со извлекување
преку грлото за полнење со помош на шприц, имајќи
предвид дека работата ќе треба да се повтори
неколку пати за да се испразни картерот во целост.
Задолжително надополнете масло до посоченото
ниво пред повторно да ја користите машината.
7.3.1
Контрола / надополнување
Постапка:
• Ставете ја машината на рамно за контролата.
• Исчистете околу оската. Одвртете и
извадете ја. Исчистете го отворот.
• Вметнете ја оката докрај без да ја завртите.
• Повторно извадете ја. Проверете го нивото на масло.
• Надополнете ако нивото е под знакот за "MAX".
Не преполнувајте бидејќи тоа може да
доведе до прегревање на моторот. Ако нивото
е над знакот за "МАХ", испуштете масло
додека не го достигнете точното ниво.
7.4
ЧИСТЕЊЕ
Исчистете ја машината по секоја употреба
следејќи ги следните упатства.
7.4.1
Чистење на машината
• По секое косење, исперете ја машината со
вода. Отстранете ги остатоците од трева и кал
што се наталожиле од внатрешната страна на
куќиштето за да избегнете тие да предизвикаат
потешкотии при подоцнежно палење.
Во случај на страничен или заден
испуст: ако е поставен, треба да го
извадите дефлекторот на испустот.
• Лакот од внатрешниот дел на куќиштето може да
отпадне заради абразивното дејство на покосената
трева. Во тој случај, треба спремно да интервенирате
со премачкување лак против 'рѓосување за да се
спречи создавање 'рѓа која го кородира металот.
• Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација
се ослободени од остатоци од косењето.
• Не користете абразивни течности
за чистење на куќиштето.
• За намалување на ризикот од запалување, одржувајте
ги тревокосачката и машината, а особено моторот
од остатоци од трева, листови и прекумерно масло.
• Во случај кога треба да се пристапи до долниот дел,
закосете ја машината само на страната како што
е прикажано во упатството за моторот следејќи ги
соодветните упатства, уверувајќи се дека машината
е стабилна пред да започнете со каква било
интервенција. Кај моделите кај кои има предвидено
страничен испуст, треба да се извади дефлекторот
на испустот (ако е поставен - видете 6.1.2.d).
7.4.2
Внатрешно миење
Извадете ја вреќата за собирање.
1.
Составете го садот со вода на
соодветното место (сл. 20.A);
2.
Поставете ја висината на косење
во најниска позиција.
3.
Стојте секогаш зад ракофатот на тревокосачката..
4.
Запалете го моторот.
7.4.3
Чистење на вреќата
1.
Испразнете ја вреќата за собирање,
Протресете ја за да ги исчистете
2.
остатоците тревата и земјата,
3.
Исперете и исплакнете ја и оставете
ја да се исуши бргу.
MK - 10