Dremel MULTI-MAX MM20 Traducción De Las Instrucciones Originales página 92

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 14
на стрелките на часовникот како што е опишано погоре
(слика 6).
7. Подигнете ја водилката за прибор, за да го извадите од
oтворите. (Напомена: Внимавајте, ножевите може да се
жешки.)
НАПОМЕНА: Некои додатоци, како на пр. стругала или
ножеви, може да се монтираат или рамно на алатот
или под агол, за да се зголеми употребливоста (слика 5).
За да се стори ова со помош на Quick Lock™, ставете
го приборот на држачот за прибор и пазете приборот
да влезе во сите отвори во држачот, а приборот да си
биде рамен со држачот за прибор. Добро прицврстете
го приборот на местото како што е опишано претходно
(слика 6).
Монтирање и вадење на ШМирглата
Вашата брусна подлога користи прибор со чичак трака, која
цврсто се фаќа за брусната подлога кога се применува со
умерен притисок.
1. Израмнете ја шмирглата и притиснете ја на плочата за
шмирглање со рака.
2. Цврсто притиснете го електричниот алат со шмирглата
на некоја рамна површина и кратко вклучете го алатот.
Ова помага за добро прилегнување и да се спречи
предвремено абење.
3. За да ја смените, само тргнете ја старата шмиргла,
исчистете ја прашината од брусната подлога ако е
потребно, и притиснете ја новата шмиргла на местото.
После извесна употреба, површината на брусната подлога ќе
се изаби, а брусната подлога мора да се замени ако веќе не
притиска добро. Ако имате предвремено абење на лицето на
брусната подлога, намалете ја јачината на притисокот што го
применувате за време работењето со алатот.
За максимално искористување на абразивот, свртете ја
подлогата за 120 степени кога врвот на абразивот ќе се
изаби.
ШМукање на Правот
Вашиот алат може да се опреми со порт за приклучување
за уред за прашина, со адаптер за шмукање на прашината
(слика 9). За да ја искористите оваа функција, приклучете
го портот за алатот (A) и приклучете правосмукалка на
адаптерот (B).
користење
ПоЧеток
Првиот чекор да научите да го користите алатот е да го
„почувствувате" в рака. Земете го в рака и проценете ја
неговата тежина и баланс (Слика 10). Во зависност од
примената, ќе треба да ја приспособите положбата на Вашата
рака за да постигнете оптимална удобност и контрола.
Кога го држите алатот, немојте со раката да ги покривате
отворите за вентилација. Блокирањето на отворите за
вентилација може да предизвика прегревање на моторот.
СЛИКА 10
ваЖно! Првин вежбајте на некој отпадок од материјалот за
да видите како работи алатот при големи брзини. Имајте на
ум дека Вашиот мултифункционален алат ќе даде најдобар
резултат ако дозволите брзината и исправниот прибор Dremel
да ја завршат работата за Вас. Пазете да не применувате
преголем притисок.
Наместо тоа, полека спуштете го ротациониот прибор на
работната површина на местото на коешто сакате да почнете
со работа. Концентрирајте се на тоа алатот да го водите по
работното парче користејќи многу мал притисок со раката.
Дозволете му на приборот да си ја изврши својата работа.
Обично е подобро работата да се изврши со алатот во
повеќе фази, отколку да ја завршите целата работа со
едно поминување. На пр., за да исечете парче, поминете
со алатот неколку пати преку материјалот. Исечете малку
од материјалот при секое поминување, сè додека не ја
постигнете саканата длабочина.
вклучете го лизгачкиот прекинувач „On/Off"
Алатот се вклучува на „ON" со помош на лизгачкиот
прекинувач кој се наоѓа на горната страна од куќиштето на
моторот (слика 1 и 2).
ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ „ON", лизнете го копчето
нанапред.
ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ „OFF", лизнете го копчето
наназад.
Преклопник за бирање на брзина
Овој алат е опремен со контрола за варијабилна брзина
(слика 11). Брзината може да се контролира во текот на
работата така што однапред ќе се подеси брзината на било
која од овие десет положби.
За да постигнете најдобри резултати кога работите со
различни материјали, подесете ја контролата на брзината
да Ви одговара на работата (видете ја табелата на брзини).
За да ја изберете соодветната брзина за секој прибор кој го
користите, првин пробајте на некој отпадок од материјалот.
СЛИКА 11
A.
Преклопник за промена на брзината
табела на брзини, види насловна страна.
додаток долу:
Прибор
Шмирглање на површини близу до
рабовите, во аглите или тешко достапни
места.
Во зависност од листот за шмирглање,
MM11
на пр. за шмирглање дрво, боја, лакови,
премази и цемент.
За подетално шмирглање.
MM70W
92
Примена

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Multi-max mm40

Tabla de contenido