Кога работите на падина, работете по ленти.
Искосете една лента паралелно со падината,
потоа вратете се преку искосениот дел и косете ја
следната лента.
Прилагодете го бројот на вртежите на моторот и
длабочината на сечењето на актуелните состојби.
Доколку вртењето на моторот е премало, во
алатката за сечење може да се фати или да се
заглави троскот.
Доколку трева, гранки и други предмети се фатат
во алатката за сечење или уредот вибрира
невообичаено, веднаш исклучете го моторот и
проверете го уредот.
Блокиран конусен запчаник може да доведе до
оштетувања на спојката.
Никогаш не отстранувајте заглавен искосен
материјал при активирано сечило. Затоа почекајте,
сечилото да се смири.
Доколку сечилото е тапо, скршено или извиткано,
заменете го со оригинален резервен дел.
Работа со бобина
Потстрижување
Лесно наведнете го уредот нанапред и со умерена
и рамномерна брзина движете го од лево на десно.
Најдобрите резултати од сечењето ќе ги добиете,
доколку сечете сува трева.
Лентата за сечење не ја движете директно по
должина на ѕидови и камени плочи, бидејќи така
таа премногу се изабува.
Повисоката трева и густото обраснување сечете го
постапно, за да не се заглави бобината.
Прилагодете го бројот на вртежите на моторот и
длабочината на сечењето на актуелните состојби.
Доколку вртењето на моторот е премало, во
алатката за сечење може да се фати или да се
заглави троскот.
Доколку трева, гранки и други предмети се фатат
во алатката за сечење или уредот вибрира
невообичаено, веднаш исклучете го моторот и
проверете го уредот.
Блокиран конусен запчаник може да доведе до
оштетувања на спојката.
Лентата за сечење по исклучувањето на
поставувањето на бобината продолжува да работи.
Затоа почекајте, додека лентата се смири, пред
повторно да го вклучите уредот.
Кога бобината е празна, заменете ја со оригинална.
440407_c
Издолжување на лентата за сечење
1. Моторот се остава да работи со полн гас, а
бобината се допира до тлото.
Лентата автоматски се издолжува.
Ножот (секачот со лента) на штитот ја скратува
лентата на дозволената должина.
Работа со градинарски нож
При работата со пилата на градинарскиот нож, при
нестручна употреба може да дојде до повратен удар
на пилата. За да се избегне ова:
Градинарскиот нож секогаш треба да се држи
цврсто, со двете раце.
Секогаш започнете со сечење со активен синџир.
За подобра контрола, пилете со долниот
раб на водечката шина. Притоа поставете го
градинарскиот нож колку е можно порамно.
Никогаш немојте да пилите со врвот на водечката
шина.
Пилењето со горниот раб може да предизвика
повратен удар на пилата, ако синџирот се заглави
или ако наиде на тврд предмет во дрвото.
Работете само со правилно наострен и затегнат
синџир.
Контрола на затегнувањето на синџирот
Често контролирајте ја затегнатоста на синџирот,
бидејќи новите синџири се издолжуваат.
Во услови на студ, синџирот мора да налегне на
долната страна од водечката шина, но треба да се
провлече уште малку со рака.
При работна температура, синџирот се издолжува
и виси.
ВНИМАНИЕ!
Погонските делови од синџирот не смеат
да излезат од жлебот на долната страна од
водечката шина – инаку синџирот може да се
разлабави. Синџирот повторно се затегнува.
Водечка шина: За избегнување на
едностраното абење на водечката шина, таа
при секое менување на синџирот треба да се
сврти.
1. За рачна контрола на синџирот, малку повлечете
со раката, за да тој правилно се постави на
запчаникот од синџирот и во водечката шина.
Синџирот е вистински затегнат, кога во
средина на водечката шина може да се
подигне за околу 3-4 mm и лесно може да се
повлече со рака.
MK
509