LG GTF916PZPZD Manual Del Proprietário página 343

Ocultar thumbs Ver también para GTF916PZPZD:
Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 145
Напомени за употреба на
контролната табла
• Контролната табла ќе се вклучи автоматски во
кој било од следните случаи.
− Кога е вклучена струјата
− Кога е допрено копче
− Кога вратата на апаратот (одделот на
фрижидерот, одделот на замрзнувачот) е
отворена
• Контролната табла ќе се исклучи автоматски
за заштеда на енергија во кој било од
следните случаи.
− Кога е помината 1 минута по вклучувањето
на струјата
− Кога не е извршена операција 20 секунди по
притискање на саканото копче
− Кога се поминати 20 секунди по отворање и
затворање на вратата на апаратот (одделот
на фрижидерот, одделот на замрзнувачот)
• Ако дојде до контакт меѓу прст или кожа со
контролната табла додека ја чистите, може да
се активира функцијата на допреното копче.
Подесувања за Wi-Fi (опционално)
Копчето Wi-Fi, кога се користи со апликацијата
LG SmartThinQ, му овозможува на фрижидерот
поврзување со домашната Wi-Fi мрежа.
• Иконата Wi-Fi го покажува статусот на
мрежната конекција на фрижидерот. Иконата
свети кога фрижидерот е поврзан со Wi-Fi
мрежата.
• Притиснете и задржете го копчето Wi-Fi 3
секунди за да се поврзете на мрежата.
Иконата трепка додека трае поврзувањето, а
потоа се вклучува штом конекцијата е успешно
воспоставена.
Подесување на температурата на
фрижидерот
• Притиснете го копчето Fridge, за да ја
прилагодите температурата. Температурата
може да се прилагоди од 0 °C до 6 °C.
Подесување на температурата на
замрзнувачот
• Температурата може да се прилагоди од ниво
1, до ниво 8. Во зависност од климата, се
препорачува ниво 3.
• За намалување на температурата во
замрзнувачот, свртете го копчето надесно и
подесете го на поголем број.
• За зголемување на температурата во
замрзнувачот, свртете го копчето налево и
подесете го на помал број.
• Со подесувањето на кружниот регулатор на 6~
8, ќе се одржи ниска температура во
замрзнувачот. Но, тоа ќе доведе до
забавување на брзината на ладење на
апаратот.
НАПОМЕНА
• Реалната внатрешна температура варира во
зависност од статусот на храната, бидејќи
наведеното подесување за температура е
целната температура, а не реалната
температура во апаратот.
• Фабричкото подесување на температурата
може да се разликува зависно од уредот.
• Почекајте 2 до 3 часа по вклучувањето на
апаратот во струја пред да ставите храна во
него.
• Апаратот може автоматски да открива
проблеми за време на работата.
• Ако е откриен проблем, апаратот престанува
со работа и се појавува код за грешка дури и
кога ќе се притисне кое било копче.
• Во ваков случај, не исклучувајте го од струја и
веднаш стапете во контакт со Центарот за
информации за клиенти на LG Electronics. Ако
го исклучите од струја, сервисерот од Центарот
за информации за клиенти на LG Electronics
може потешко да го најде проблемот.
МК
19

Publicidad

Tabla de contenido

Solución de problemas

loading

Este manual también es adecuado para:

Gtf925pzpzdGtf916pzpyd

Tabla de contenido