MK
Сајлите за повлекување на моторната коса се
правилно поставени од страна на
производителот. Ако положбата на
„велосипедската" рачка многу се промени,
може да дојде до продолжување на сајлата за
повлекување, а со тоа, до пречки во
функцијата на рачката за гас. Поради тоа
алатката за сечење по стартувањето на
моторот и деблокирање на блокадата за
половина гас не доаѓа до запирање.
1. Вртете на завртката за штелување (15/1)
за да ја скратите односно продолжите
сајлата за повлекување (15/2).
2. Стартувајте го моторот и кратко
притиснете ја рачката за гас за да се
ослободи блокадата од половина гас.
(види Поглавје 6.3.1 "Стартување на
моторот", страна 711).
3. Проверете дали се запира алатката за
сечење. Ако не: Повторете го
штелувањето.
10.5 Одржување на свеќичката (16)
1. Демонтирање на свеќичката:
■
Извадете го утикачот на свекичката
(16/1).
■
Одвртете ја свеќичката (16/3) со
клучот за свеќички (16/2).
2. Проценка на изгледот на свеќичката:
■
Ако свеќичката е црвенкасто смеѓа:
Моторот работи правилно а
свеќичката е во ред. Ако е потребно:
Исчеткајте ја свеќичката внимателно
со фина жичана четка (16/4).
■
Ако свеќичката е со саѓи, измастена,
закоравена, стопена или со краток
спој: Свеќичката е дефект. Заменете ја
свеќичката со нова. Користете ги
пропишаните типови на свеќички (види
Поглавје 11 "Технички податоци",
страна 720).
■
Ако по кратко време на работа
свеќичката е повторно дефект, мора
моторот и подесувањата на
карбураторот да ги провери овластена
сервисна работилница.
3. Проверка на растојанието на електродите:
■
Проверете со мерач за растојание
(16/5) дали растојанието на
електродите (16/6) изнесува 0,6 –
0,7 mm. Ако не, внимателно тропнете
ги електродите или раздвојте ги
внимателно свиткувајќи ги.
718
4. Ако е достигнат пропишаниот интервал
или ако свеќичката е дефект:
■
Заменете ја свеќичката со нова.
Користете ги пропишаните типови на
свеќички (види Технички податоци).
5. Монтирање на свеќичката:
■
Внимавајте на тоа да заптивниот
прстен на свеќичката (16/7) стои на
свеќичката.
■
Зашрафете ја повторно свеќичката со
раката и затегнете ја со клучот за
свеќички (вртежен момент 12 – 15 Nm).
■
Повторно ставете го утикачот на
свеќичката.
10.6 Подмачкување на преносникот на
главата за сечење (17)
1. Положете ја моторната коса на подот така
што десната страна на главата за сечење
(17/1) да покажува нагоре.
2. Одвртете ја завртката за полнење (17/2) и
извадете го заптивниот прстен (17/3).
3. Втиснете малку маст за преносник (126632
маст за преносник со висока моќност).
4. Повторно завртете ја завртката за
полнење заедно со заптивниот прстен.
10.7 Острење на секачот со лента (18)
1. Одвртете ги завртките за прицврстување
(18/1).
2. Секачот со лента (18/2) се стегнува со
менгеме и се наострува со турпија. Се
бруси само во една насока.
3. Повторно прицврстете го секачот со лента
со завртките за прицврстување на штитот
(18/3). Цврсто затегнете ги завртките за
прицврстување.
Одржување и нега
132, 141