OBJ_DOKU-39859-001.fm Page 172 Thursday, August 14, 2014 9:32 AM
172 | Македонски
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете
само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред повеќе
време, извадете ги батериите од него. Доколку се
подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно
изложување на сончеви зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни
температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При
големи осцилации во температурата, оставете го
мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го
ставите во употреба.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на
мерниот уред. По силни надворешни влијанија на
мерниот уред, пред да го употребите за работа,
секогаш извршете контрола на точноста (види
„Проверка на точност на мерниот уред", страна 176).
Вклучување/исклучување
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и
исклучете го по употребата. Другите лица може да се
заслепат од ласерскиот зрак.
За вклучување на мерниот уред притиснете кратко на
копчето за вклучување/исклучување 14 или на копчето
Мерење 10. При вклучувањето на мерниот уред,
ласерскиот зрак сè уште не е вклучен.
За исклучување на мерниот уред притиснете долго на
копчето за вклучување-исклучување 14.
Доколку околу 5 мин. не се притисне ниедно копче на
мерниот уред, тој се исклучува автоматски заради заштита
на батериите.
Доколку се зачува измерената вредност, таа останува
зачувана и при автоматско исклучување. По повторното
вклучување на мерниот уред ќе се прикаже „M" на
екранот.
Процес на мерење
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на
должинско мерење. Другите мерни функции може да ги
поставите со притискање на односните копчиња за
функции (види „Мерни функции", страна 173).
Како референтно ниво за мерење, по вклучувањето, е
избран задниот раб на мерниот уред. По притискање на
копчето Референтно ниво 1 може да го промените
референтното ниво (види „Бирање на референтно ниво
(види слики B –E)", страна 172).
По изборот на мерната функција и референтното ниво, се
вршат сите понатамошни чекори со притискање на
копчето Мерење 10.
1 609 92A 0L8 | (14.8.14)
Поставете го мерниот уред со избрано референтно ниво
на саканата мерна линија (на пр. ѕид).
Потоа притиснете го копчето Мерење 10 за да го вклучите
ласерскиот зрак.
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Насочете го ласерскиот зрак кон целната површина. За
активирање на мерењето, одново притиснете кратко на
копчето Мерење 10.
При постојано вклучен ласерски зрак како и во функциите
Мерење на минимум и максимум, мерењето започнува
веднаш по првото притискање на копчето Мерење 10.
Вообичаено, измерената вредност се појавува во рок од
0,5 с, а најдоцна по 4 с. Времетраењето на мерењето
зависи од растојанието, светлосните услови и
рефлективните својства на целната површина. Крајот на
мерењето ќе се прикаже со сигнален тон. По завршување
на мерењето, ласерскиот зрак автоматски ќе се исклучи.
Доколку по околу 20 с. по визирањето не се изврши
мерење, ласерскиот зрак автоматски се исклучува заради
заштита на батериите.
Бирање на референтно ниво (види слики B–E)
За мерењето може да изберете четири различни
референтни нивоа:
– задниот раб на мерниот уред (на пр. при поставување
на ѕидови),
– задниот раб на чивијата-граничник 15 (на пр. за
мерење од ќошеви),
– предниот раб на мерниот уред (напр. при мерење,
почнувајќи од еден раб на маса),
– навојот 17 (напр. за мерења со статив).
За избор на референтното ниво, притискајте го копчето 1,
додека не се прикаже саканото референтно ниво на
екранот. По секое вклучување на мерниот уред, задниот
раб на мерниот уред е претходно поставен како
референтно ниво.
Постојан ласерски зрак
По потреба мерниот уред може да го префрлите на
постојан ласерски зрак. Притоа притиснете на копчето за
постојан ласерски зрак 13. На екранот непрекинато свети
приказот „LASER".
Не го насочувајте зракот светлина на лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Ласерскиот зрак во оваа поставка останува вклучен и
помеѓу мерењата, а за мерење потребно е само еднаш
кратко да го притиснете копчето Мерење 10.
За исклучување на постојаниот ласерски зрак, одново
притиснете го копчето 13 или исклучете го мерниот уред.
При одново притискање мерниот уред се наоѓа во
нормален режим, а ласерскиот зрак се појавува само со
притискање на копчето Мерење 10.
Bosch Power Tools