2.4
ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете
ја машината за да ја одржите безбедноста
на машината и нивото на работа.
Одржување
• Никогаш не користете ја машината со користени или
оштетени делови. Оштетените или дефектните делови
треба да се заменат, никогаш да не се поправаат.
• Во текот на операциите за регулирање на машината,
обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви
се наоѓаат заглавени во уредот со сечивото во
движење и фиксните делови на машината.
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова
упатство се максимални вредности при употреба на
машината. Употребата на елемент за косење којшто
не е стабилен, движењето со преголема брзина,
неодржувањето на машината значително влијаат врз
емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно
е да применувате заштитни мерки за да елиминирате
можни оштетувања заради зголемена бучава или
значителни вибрации; Редовно одржувајте ја машината,
носете слушалки против бучава и правете паузи во
работата.
Одлагање
• За намалување на ризикот од оган, не оставајте
полни контејнери во затворен простор.
2.5
БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈАТА
ВАЖНО
Следните безбедносни мерки ги опфаќаат
безбедносните одредби коишто се претставени во
даденото упатство за батеријата и за полначот на
батеријата кое што се доставува со машината.
• Користете само полначи за полнење на батериите
што ги препорачува производителот. Несоодветен
полнач за батеријата може да предизвика
електричен удар, прегревање или протекување
на корозивната течност од батеријата.
• Користете само батерии со спецификации
што се предвидени за вашиот апарат.
Употреба на други батерии може да
предизвика повреди и ризик од пламен.
• Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја
ставите батеријата. Ставање батерија во вклучен
електричен апарат може да предизвика пожар.
• Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку
од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли,
навртки и други мали метални предмети што
може да предизвикаат краток спој на контактите.
Краток спој на контактите на батеријата
може да доведе до експлозија и пламен.
• Не користете го полначот за батеријата на места
каде има гасови, запаливи супстанци или лесно
запаливи површини, како што се хартија, ткаенина
и слично. За време на полнењето, батеријата
се загрева и може да предизвика оган.
• За време на транспорт на акумулаторите, обрнете
внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе
и не користете метални кутии за транспорт.
2.6
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да
се извршува релевантно и приоритетно при
употреба на машината во корист на граѓанските
погодности и на просторот во кој живееме.
• Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат
непосредното опкружување. Користете ја машината
само во разумно време (не многу рано наутро и доцна
навечер кога може да ги вознемирите луѓето).
• Почитувајте ги локалните прописи за отстранување
на пакувањето, искористените делови или други
делови што имаат силно влијание врз животната
средина овие отпадоци не се фрлаат во ѓубре,
туку треба да бидат разделени и да се достават
до соодветни центри за собирање на истите, кои
ќе се погрижат за рециклирање на истите.
• Придржувајте се до локалните одредби за
отстранување на отпадни материјали.
• При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината
каде било во природата, туку предајте ја во собирен
центар во согласност со важечките локални закони.
Не фрлајте ги електричните апарати
заедно со домашен отпад. Во согласност
со директивата на ЕУ 2012/19/EU, отпадот
што се состои од електрични и електронски
апарати е ваша одговорност и, во согласност
со националните одредби, електричните апарати за
фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна
повторно да се употребат на еко-компатибилен начин.
Ако електричните апарати се одложат на ѓубриште или
на земја, штетните состојки може да стапат во контакт
со елементите во почвата и да навлезат во синџирот
на исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје и
благосостојбата. За подетални информации околу
фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни
институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.
Откако ќе ѝ помине рокот на употреба,
извадете ја батеријата обрнувајќи внимание
на животната средина. Батеријата содржи
материјал што е опасен за вас и за средината.
Треба да се извади и расклопи во засебен
сад што може да содржи литиумски јони.
Засебното собирање на производите и
искористените пакувања овозможува
рециклирање на материјалите и
повторна употреба. повторната
употреба на рециклираните материјали
спречува штета на животната средина и
ја намалува потребата за примарни материјали.
3.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1
ОПИС НА МАШИНАТА И
ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина е тревокосачка со оператор што се
движи.
Машината во основа се состои од мотор којшто
ги придвижува сечилата затворен во куќиште,
и исто така е опремена со тркала и рачка.
Операторот е во позиција да управува со
машината и да ги вклучува главните команди
држејќи се секогаш зад ракофатот и на безбедно
растојание од ротирачкиот уред со сечивото.
MK - 3