Descargar Imprimir esta página

Skil 0650 Manual Original página 174

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 57
преземе неопходните безбедносни мерки. Не го
испуштајте телескопскиот поткаструвач.
d) Кога сечете гранка, внимавајте на повратен удар.
Кога гранката е зафатена, таа може да се свитка
надолу и да го заглави синџирот на пилата.
e) Носете го телескопскиот поткаструвач
исклучен, секогаш со двете раце, а синџирот
на пилата со прицврстен штитник, подалеку
од Вас. Правилното ракување со телескопскиот
поткаструвач ќе ја намали можноста од случаен
контакт со синџирот на пилата кога тој се движи.
f) Не работете со телескопскиот поткаструвач
на дрво. Работата со телескопскиот поткаструвач
додека се качувате на дрво или се наоѓате на дрво
може да доведе до лична повреда.
g) Секогаш одржувајте соодветен став и работете
со телескопскиот поткаструвач само на фиксна,
безбедна и рамна површина. Лизгавите или
нестабилни површини како што се скалила може
да предизвикаат да ја загубите рамнотежата или
контролата врз поткаструвачот.
h) Следете ги упатствата за подмачкување,
затегнување на синџирот или за менување на
дополнителната опрема. Неправилно затегнат или
подмачкан синџир може или да се скине или да ја
зголеми можноста од повратен удар.
i)
Одржувајте ги рачките суви, чисти и без масло и
маст на нив. Замастените, мрсни рачки се лизгави и
може да предизвикаат да ја загубите контролата.
j)
Сечете само дрво. Не користете го телескопскиот
поткаструвач за цели за коишто не е наменет.
На пример: не го користете телескопскиот
поткаструвач за сечење пластика, ѕидани
конструкции или градежни материјали што не се
од дрво. Употребата на телескопскиот поткаструвач
за работи коишто се поинакви од неговата намена
може да доведе до опасна ситуација.
k) Причини за повратен удар и заштита на
операторот:
- Повратниот удар може да се појави кога носот или
врвот на водечкиот лост ќе допре до предмет или
кога ќе се заглави дрво и ќе го зафати синџирот на
пилата при сечењето.
- Контактот на врвот во некои случаи може да
предизвика неочекувана повратна реакција со што
водечкиот лост ќе се отфрли нагоре и наназад кон
операторот.
- Заглавувањето на синџирот на пилата вдолж врвот
на водечкиот лост може да го потисне водечкиот
лост неочекувано наназад кон операторот.
- Секоја од овие реакции може да предизвика да
загубите контрола над телескопскиот поткастувач
и може да доведе до сериозна лична повреда.
Како корисник на телескопски поткаструвач треба
да преземете неколку чекори за да спречите
несреќа или повреда при вашите активности за
сечење. Повратниот удар е резултат на неправилна
употреба на алатот и/или несоодветна работна
постапка или услови, а може да се избегне ако ги
преземете неопходните безбедносни мерки како
што е посочено подолу.
l)
Кога сечете гранка, внимавајте на повратен удар.
Кога гранката е зафатена, таа може да се свитка
надолу и да го заглави синџирот на пилата.
m) Користете само заменски синџири и лостови
за пила определени од производителот.
Неправилната замена на синџирите и лостовите за
пила може да предизвикаат кршење и/или повратен
удар на пилата.
n) Секогаш чекајте машината целосно да запре
и отстранете ја батеријата пред да ја спуштите
долу. Синџирот на пилата може да се заглави или
да направи повратен удар и да доведе до загуба на
контрола над градинарскиот алат.
o) Исклучете го телескопскиот поткаструвач при
менување на работната позиција.
Некои региони имаат прописи со кои се ограничува
употребата на производот. Побарајте совет од вашиот
локален надлежен орган.
ПО УПОТРЕБА
Секогаш исклучувајте го алатот и отстранувајте ја
батеријата
- кога го оставате алатот без надзор
- пред чистење заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на алатот
- ако удрите во стран предмет
- секогаш кога алатот ќе вибрира невообичаено
Чувајте го алатот во затворен простор на суво и
затворено место и подалеку од дофат на деца
- комплетот на батерии и алатот треба да се чуваат
одделно
БАТЕРИИ
Обезбедената батерија е делумно наполнета (за
да се обезбеди целосен капацитет на батеријата,
целосно наполнете ја батеријата во полначот на
батеријата пред да го употребите вашиот електричен
алат за првпат)
Користете ги исклучиво следниве батерии и
полначи со овој алат
- Батерија SKIL: BR1*31****
- Полнач SKIL: CR1*31****
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку да се замени
Не ја расклопувајте батеријата
Никогаш не ги изложувајте на дожд алатот/
батеријата
Дозволена температура на околината (алатка/
полнач/батерија):
- при полнење 4...40°C
- при работа -20...+50°C
- при складирање –20...+50°C
ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/
БАТЕРИЈАТА
3 Пред употреба прочитајте го прирачникот за
употреба
4 Батериите може да експлодираат ако се изложат на
оган и затоа никако не палете ја батеријата
5 Никогаш не го изложувајте на дожд алатот
6 Носете заштитни очила и заштита за ушите
7 Секогаш чувајте ги алатот/полначот/батеријата на
места со температура пониска од 50°C
8 Не ги фрлајте електричните алати и батериите
заедно со домашниот отпад
9 Носете заштита за главата
q Носете заштитни ракавици
w Носете безбедни обувки
e Одржувајте доволно растојание од водовите
174

Publicidad

loading