! отстранете ја батеријата од алатот пред
чистење
- исчистете го извалканото пластично куќиште на
телескопската пилата со мека четка и чиста крпа
(не користете вода, растворувачи или политура)
- извадете и исчеткајте ги плочата на капакот,
синџирот и лостот по 1 до 3 часа работа
- исчистете ја областа под капакот, запченикот на
погонот и лостот со мека четка и чиста крпа
- исчистете го испустот за масло со чиста крпа
•
Редовно проверувајте дали има очигледни дефекти
како разлабавени, изместени или оштетени синџир
и лост за синџир, разлабавени стеги и изабени или
оштетени делови
•
Замена на лостот за синџирот A
- отстранете/намонтирајте ја металната плоча AH на
лостот за синџирот со навртка за разлабавување/
прицврстување со одвртувач на Phillips (не е
вклучен), како што е прикажано на сликата f
! при монтажата осигурете дека страната
означена со стрелка на лостот за синџирот е
свртена нагоре
•
Спроведете ги неопходните постапки за одржување
и поправка пред да работите со телескопската пила
•
Правилната работа на автоматскиот подмачкувач
може да се провери ако ја вклучите телескопската
пила и го насочите врвот на лостот за синџирот кон
парче картон или хартија на земјата
! не допирајте ја земјата со синџирот
(обезбедете безбедно растојание од 20 см)
- ако има растечка дамка со масло, автоматскиот
подмачкувач работи правилно
- ако нема дамка со масло и покрај тоа што
резервоарот полн, погледнете во „РЕШАВАЊЕ
ПРОБЛЕМИ" или контактирајте со застапникот
•
Никогаш не го острете синџирот на пилата самите.
Заменете го синџирот на пилата или однесете го
синџирот на пилата да биде стручно наострен кај
овластен SKIL сервис.
•
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот овластен SKIL
сервис (адресите и сервисниот дијаграм на алатот
се наведени на www.skil.com)
! пред враќање, резервоарот со масло мора да
се испразни целосно
•
Имајте предвид дека оштетувањето настанато
заради преоптоварување или неправилно ракување
со алатот не е опфатено со гаранцијата (видете на
www.skil.com или прашајте го продавачот за условите
на гаранцијата на SKIL)
•
Чување g
- ако телескопската пилата се складира на подолг
период, исчистете ги синџирот и лостот за
синџирот
- пред одложување на алатот, резервоарот со масло
мора да се испразни целосно
- ставете ја заштитата за синџирот L кога го
складирате алатот
- цврсто намонтирајте ги двете шини за складирање
S на ѕидот со 4 навртки (не се обезбедени)
порамнети хоризонтално, една за закачување
на стапот за продолжување заедно со задната
дршка со употреба на врската У Т, а другата за
закачување на електричната глава
- чувајте ја машината во затворен простор на суво
и затворено место и подалеку од дофат на деца
Кога врската У не се користи, таа може да се вметне
во шината за складирање S
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
•
Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот
ако истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! во случај на електричен или механички дефект,
веднаш исклучете го алатот и извадете ја
батеријата
Машината не работи
- празна батерија -> наполнете ја батеријата
- топла батерија -> оставете ја батеријата да се
излади
- внатрешен дефект -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
Машината работи со прекини
- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
- оштетување на прекинувачот за вклучување/
исклучување -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
Сув синџир
- нема масло во резервоарот -> дополнете масло
- отворот за вентилација кај капачето на
резервоарот за масло е затнат -> исчистете го
капачето
- патеката на маслото е затната -> исчистете го
испустот за поминување на маслото
Сопирачката не го застанува синџирот
- оштетување на сопирачката за движење на
синџирот -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
Синџирот/ лостот се прегреваат
- нема масло во резервоарот -> дополнете масло
- отворот за вентилација кај капачето на
резервоарот за масло е затнат -> исчистете го
капачето
- патеката на маслото е затната -> исчистете го
испустот за поминување на маслото
- синџирот е премногу затегнат -> прилагодете ја
затегнатоста на синџирот
- тап синџир -> наострете го синџирот или заменете
го
Машината вибрира невообичаено
- синџирот е премногу разлабавен -> прилагодете ја
затегнатоста на синџирот
- тап синџир -> наострете го синџирот или заменете
го
- синџирот е изабен -> заменете го синџирот
- запците на синџирот се свртени во погрешна
насока -> поставете го синџирот во точната насока
177