738
Македонски
BrushPacer
SmarTimer
EasyStart
Ако премногу притискате, рачката ќе ја промени
вибрацијата и светлото за потсетување за замена на
главата на четката на рачката трепка во портокалова
боја сѐ додека не го намалите притисокот.
Забелешка: Вашиот производ доаѓа со активиран
сензор за притисок. За да ја деактивирате оваа
функција (видете „Активирање или деактивирање на
функциите").
BrushPacer е тајмер за интервали што Ви помага да
четкате рамномерно низ устата преку делење на
устата на 6 делови.
SmarTimer означува дека циклусот на четкање
завршил со автоматско исклучување на четката за
заби на крајот од циклусот на четкање.
Стоматолозите препорачуваат четкање не помалку од
2 минути двапати дневно.
Забелешка: Ако го притиснете копчето за
вклучување/исклучување откако ќе го започнете
циклусот на четкање, четката за заби паузира. По
пауза од 30 секунди, SmarTimer се ресетира.
Овој модел на Philips Sonicare доаѓа со деактивирана
функција EasyStart. Функцијата EasyStart полека ја
зголемува силата во текот на првите 14 четкања за да
ви помогне да се навикнете на четкањето со Philips
Sonicare. Функцијата EasyStart функционира со сите
режими.
Одрекување од одговорност
Кога четката за заби Philips Sonicare се користи за
клинички испитувања, таа мора да се користи со
висок интензитет со рачката целосно наполнета, а
функцијата EasyStart деактивирана.
За да активирате EasyStart (видете „Активирање или
деактивирање на функциите").