750
Македонски
3 Држете го горниот дел на рачката со едната рака и
удрете го куќиштето на рачката околу 1 цм над
долниот крај. Удрете силно со чекан на сите 4
страни за да се отстрани крајното капаче.
Забелешка: Можеби ќе треба да удирате на
краевите неколку пати за да ги одвоите
внатрешните врски.
4 Отстранете го крајното капаче од рачката на
четката за заби. Ако крајното капаче не се одвои
лесно од куќиштето, повторувајте го чекорот 3
додека крајното капаче не се одвои.
5 Држејќи ја рачката наопаку, притиснете го
издадениот дел на цврста површина. Ако
внатрешните компоненти не се одвојат лесно од
куќиштето, повторувајте го чекорот 3 додека не се
одвојат.
6 Турнете го шрафцигерот помеѓу батеријата и
црната рамка на долниот дел од внатрешните
компоненти. Потоа вртете го шрафцигерот
подалеку од батеријата за да го одвоите долниот
дел на црната рамка.
7 Вметнете го шрафцигерот под долниот дел на
батеријата и црната рамка за да ја одвоите
металната плочка што ја поврзува батеријата со
зелената печатена струјна плоча. Ова ќе го одвои
долниот крај на батеријата од рамката.