Descargar Imprimir esta página

Saeco GranAroma SM6585 Manual Del Usuario página 506

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 117
Македонски
506
2 Почекајте 1 минута. Бројот на квадрати на лентата за тестирање што ќе станат црвени ја
означуваат тврдоста (Сл. 19) на водата.
Поставете ја машината на точната тврдост на водата:
1 Допрете на иконата „Поставки"
изберете „Water hardness" (Тврдост на водата). Потоа притиснете на иконата ОК за да
потврдите.
2 Користете ги стрелките за нагоре и надолу за да го изберете нивото на тврдост на водата.
Бројот на црвени квадрати избран на дисплејот треба да биде ист со бројот на црвени
квадрати на лентата (Сл. 20) за тестирање.
3 Кога ќе ја поставите точната тврдост на водата, допрете ја иконата ОК за да потврдите.
Приспособување на поставката за мелење
Може да ја промените јачината на кафето со копчето за поставка на мелењето во садот за зрна.
Колку е пониска поставката за мелење, толку е пофино меленото кафе и толку појако ќе биде
свареното кафе. Има 12 различни поставки за мелење од кои може да изберете.
Машината е поставена да го извлече најдобриот вкус од вашите зрна кафе. Затоа ве
советуваме да не ја поставувате поставката за мелење додека не сте свариле 100 до 150
филџани (приближно 1 месец користење).
Поставката за мелење може да ја поставувате само кога машината ги меле зрната кафе.
Треба да сварите 2 или 3 пијалаци пред да може да ја вкусите разликата.
Не вртете го копчето за поставување на мелењето повеќе од еден зарез едновремено за да
се спречи оштетување на мелницата.
1 Ставете филџан под одводот за распрскување кафе.
2 Отстранете го капакот од резервоарот (Сл. 21) за зрна кафе.
3 Допрете ја иконата Еспресо, а потоа притиснете на копчето за старт/стоп
4 Кога мелницата ќе почне да меле, притиснете го копчето за поставка на мелењето и свртете
го налево или надесно (Сл. 22).
Приспособување на другите поставки за машината
Со допирање на иконата за Поставки
машината:
- Тврдост на водата: можете да изберете помеѓу 5 нивоа, во согласност со тврдоста на водата
во вашиот регион.
- Време на чекање: можете да изберете 15, 30, 60 или 180 минути.
- Осветленост на екранот: можете да изберете ниска, средна и висока.
- Јазик: можете да го изберете јазикот на екранот по ваша желба.
- Звук: можете да го активирате или деактивирате звукот на титкање на машината.
- Предна осветленост: можете да изберете „секогаш вклучена", „вклучена за време на
варење" или „секогаш исклучена".
- Единица мерка: можете да изберете помеѓу ml или oz.
Враќање на фабрички поставки
Машината ви нуди можност да ги вратите фабричките поставки во секој момент.
1 Допрете ја иконата Поставки
и користете ги стрелките за нагоре и надолу за да
, можете да ги приспособите следниве поставки за
.
.

Publicidad

loading