Македонски
Безбедносни напомени
Сите упатства треба да се прочитаат и да се внимава на нив. Доколку
камерата за проверка не се користи согласно приложените
инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни
механизми во камерата за проверка. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ
УПАТСТВА.
Kамерата за проверка смее да се поправа само од страна на квалификуван
u
стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на камерата за проверка.
Не работете со камерата за проверка во околина каде постои опасност од
u
експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Камерата за
проверка создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Пред било каква интервенција на камерата за проверка (на пр. монтажа,
u
одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата
од камерата за проверка.
Извадете ги батериите од камерата за проверка, доколку не ја користите
u
подолго време. Доколку се подолго време складирани, батериите може да
кородираат и да се испразнат.
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
u
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Пред да ја употребите камерата за проверка, проверете го работното поле.
u
Ниеден дел од камерата за проверка не смее да дојде во контакт со
електрични кабли, подвижни делови или хемиски супстанци. Електричните
кабли, што поминуваат во работното поле, исклучете ги од струјното коло.
Овие мерки го намалуваат ризикот од експлозии, електричен удар или
материјални штети.
Носете соодветна лична заштитна опрема како заштитни очила, заштитни
u
ракавици или заштитна маска за дишење, доколку постојат супстанци
опасни по здравјето во работното поле. Каналите за одводнување или
сличните области може да содржат цврсти, течни или гасовидни супстанци, кои
се отровни, инфективни, имаат нагризувачко дејство или се опасни по здравјето
на друг начин.
Особено внимавајте на чистотата, доколку работите во полиња со супстанци
u
опасни по здравјето. Не јадете за време на работата. Избегнувајте контакт со
Bosch Power Tools
Македонски | 303
1 609 92A 8H6 | (07.03.2023)