Descargar Imprimir esta página

Bosch GIC 12V-4-23 C Professional Manual Original página 313

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 49
Македонски | 313
Пренос на податоци преку USB Type-C® конектор
За пренос на податоци преку USB Type-C®, вклучете ја камерата за проверка.
Отворете го поклопецот на USB Type-C®-портата (17). Поврзете ја USB Type-C®-
портата со USB Type‑C®-кабел (18) со вашиот компјутер.
На вашиот компјутер отворете го пребарувачот за податоци и изберете ја
податочната единица Bosch_GIC. Зачуваните датотеки може да се ископираат,
поместат или избришат од внатрешната меморија на камерата за проверка на
вашиот компјутер.
Штом е завршена саканата постапка, нормално извадете ја податочната единица.
Напомена: секогаш прво одјавете ја податочната единица од оперативниот систем
на компјутерот (извади ја податочната единица), бидејќи во спротивно може да се
оштети внатрешната меморија на камерата за проверка.
Отстранете го USB Type-C® кабелот (камерата за проверка автоматски се
исклучува). Затворете го горниот поклопец (16) за заштита од прав и вода.
Напомена: поврзете ја камерата за проверка со компјутер само преку USB Type-C®
интерфејсот. Камерата за проверка може да се оштети доколку ја приклучите на
други уреди.
Напомена: USB Type-C® конекторот служи исклучиво за пренос на податоци, а
батерии или други уреди не можат да се полнат преку него.
Совети при работењето
Испитајте ја околината што сакате да ја проверите, а особено внимавајте на
пречките или опасните места.
Свиткајте го кабелот на камерата (1) така што главата на камерата ќе може лесно да
се воведе во околината која треба да се истражи. Внимателно водете го кабелот на
камерата.
Осветленоста на светлата на камерата (3) прилагодете ја на тој начин што сликата
добро ќе се препознае. На пример кај предметите што имаат јака рефлексија, може
да се постигне подобра слика со помалку светло или со поставување на црно-бел
контраст.
Доколку предметите што се бараат се прикажани нејасно, тогаш намалете го или
зголемете го растојанието помеѓу главата на камерата (2) и преметот.
Bosch Power Tools
1 609 92A 8H6 | (07.03.2023)

Publicidad

loading