Descargar Imprimir esta página

Bosch GIC 12V-4-23 C Professional Manual Original página 312

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 49
312 | Македонски
– Излезете од главното мени и вратете се на приказот на камерата: кратко
притиснете го копчето за вклучување/исклучување (6).
Опции на менито
– <Up Indication>: вклучете ја или исклучете ја функцијата.
При вклучена функција Up Indication стрелката го прикажува приказот за
насока (b), кој на сликата е „горе" (види слика F).
Напомена: при монтирано огледало (27) и/или при вертикално израмнување на
кабелот од камерата (1) функцијата е ограничена.
– <Галерија>: овде можете да ги вратите фотографиите што сте ги направиле.
Со копчињата долу (10) одн. горе (7) изберете ги саканите датотеки според
нивниот датум.
Притиснете го копчето десно (11) или средното копче (9), за да повикате
преглед на избраната фотографија.
Притиснете го средното копче (9), за да ја отворите избраната датотека.
– <Светлост на екранот>: поставете ја саканата осветленост на екранот.
– <Боја>: вклучете или исклучете го приказот за боја за екранот (исклучено:
приказ во црно-бело).
– <Поставки за уредите>
▪ <Датум & време>: поставете ги датумот и времето за зачувување на датотеки
и изберете го форматот на датум и време.
Напомена: ако датумот и времето повеќе не се зачувуваат, вградената
копчеста батерија е празна. Во овој случај, контактирајте со овластена Bosch -
сервисна служба.
▪ <Јазик>: во приказот изберете го јазикот што се користи.
▪ <Исклучување по ...>: изберете го временскиот интервал по кој камерата за
проверка автоматски се исклучува доколку не се притисне копче.
– <Информации за уредите>: тука ќе ги најдете сите информации за уредот како
на пример инсталираната верзија на софтвер и правните информации.
– <Фабрички поставки>: може да ги ресетирате сите опции од менито на
фабричка поставка. Истовремено, сите зачувани датотеки трајно се бришат.
Зачувување/пренесување на снимки
Фотографирање
Притиснете го копчето за Фотографирање (12), за да направите фотографија од
актуелниот екран. Фотографиите се зачувуваат во внатрешната меморија на
камерата за проверка и може да се пренесуваат преку USB Type-C®.
1 609 92A 8H6 | (07.03.2023)
Bosch Power Tools

Publicidad

loading