1 од 3 постојани зелени светла = 16-33%
1 од 3 зелени светла трепка = 0-15%
Вашиот алат е опремен со напредна
електроника која ги штити Li-Ion ќелиите
во батеријата од оштетување пради
прекумерна работна температура и/или
потрошувачка на струја. Ако светлата светат
црвено и/или алатот престане да работи
во текот на поголемо оптоварување, тоа
најверојатно покажува дека Li-Ion ќелите
се речиси на макс. работна температура,
а патронот со батеријата треба или да се
смени или да се остави да се излади до
собна температура пред да продолжите
со употребата. Ако алатот автоматски
се исклучува поради преоптовареност,
прекинувачот мора да се исклучи за неколку
секунди, за да му се овозможи на колото
да се ресетира пред да се продолжи со
употребата.
ПАТРОНОТ СО БАТЕРИЈАТА ЗА
ПОЛНЕЊЕ
1.
Приклучете го кабелот на полначот во
Вашиот нормален штекер. Без да ја
ставате батеријата, ќе се запали („ОN")
зелената светилка на полначот. Oва
покажува дека полначот добива струја и
е подготвен за работа.
2.
За да го извадите патронот со
батеријата од алатот, притиснете ги
јазичињата и извадете ја батеријата од
алатот.
3.
Кога ќе го вметнете патронот со
батеријата во полначот, зеленото светло
на полначот ќе почне да „ТРЕПКА". Ова
покажува дека батеријата добива брзо
полнење.
4.
Кога светлото на индикаторот ќе
престане да „ТРЕПКА" (и ќе остане
постојано зелено светло), брзото
полнење е завршено. Патронот со
батеријата е целосно наполнет и може
да се извади од полначот. Светлото ќе
престане да трепка за пократко време
доколку патронот со батеријата не бил
сосема испразнет.
5.
Кога ќе почнете со полнењето на
патронот со батеријата, постојано
зеленото светло може исто така да
значи и дека патронот со батеријата е
премногу жежок или премногу ладен.
Брзо полнење е можно само ако
температурниот опсег на патронот со
батеријата е помеѓу 0°C и 45°C. Штом
патронот со батеријата ќе го достигне
точниот температурен опсег, полначот
на батеријата автоматски ќе се префрли
на брзо полнење.
6.
Патронот со батеријата може да се
користи иако светлото можеби сè уште
трепка. На светлото можеби ќе му треба
повеќе време да престане да трепка,
зависно од температурата.
7.
Значителното смалување на работното
време по едно полнење може да значи
дека работниот век на батеријата е
при крај и дека батеријата треба да се
замени.
8.
Немојте да заборавите да го исклучите
полначот додека е складиран.
СЕКОГАШ ИСКЛУЧЕТЕ ГО АЛАТОТ ПРЕД
ДА ГО МЕНУВАТЕ ПРИБОРОТ
Користете само тестиран Dremel прибор.
Погрижете се да ги прочитате упатствата
што Ви се приложени со Вашиот Dremel
прибор за натамошни информации во
врска со неговата употреба. Внимателно
ракувајте и чувајте го приборот за да не
дојде до поткршување и напукнување.
МЕНУВАЊЕ НА ПРИБОРОТ
A. Навртка на стезната чаура
B. Стезна чаура (3,2 mm)
C. Капаче (EZ Twist со интегриран клуч*)
D. Стезна глава Dremel 4486*
E. Копче за блокирање на осовината
F.
Клуч
*) не е стандардно вклучено
1.
Притиснете го копчето за блокирање на
осовината и вртете ја осовината со рака
додека копчето не ја блокира осовината.
Да не се активира механизмот за
заклучување на осовината додека
алатот работи.
2.
Додека е блокирана осовината,
317
ПРИБОР
9