Descargar Imprimir esta página

Dremel 8240 Traducción De Las Instrucciones Originales página 320

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 129
користењето. Наместо тоа, полека спуштете
го ротациониот прибор на работната
површина на местото на което сакате да
почнете со работа. Концентрирајте се на
тоа алатот да го водите по работното парче
користејќи многу мал притисок со раката.
Дозволете му на приборот да си ја изврши
својата работа.
Обично е подобро работата да се изврши
со алатот во повеќе фази, отколку да
ја завршите целата работа со едно
поминување. Нежниот допир Ви овозможува
најдобра контрола и ја смалува можноста
од правење грешка.
ДРЖЕЊЕ НА АЛАТОТ
Алатот секогаш држете го свртен
настрана од Вашето лице. Приборот
може да се оштети за време на
ракувањето и може да се распадне на
парчиња при голема брзина.
Кога го држите алатот, немојте со раката
да ги покривате отворите за вентилација.
Блокирањето на отворите за вентилација
може да предизвика прегревање на
моторот.
За најдобра контрола кај деталните работи
држете го мултифункционалниот алат во
раката како пенкало помеѓу палецот и
показалецот.
Методата на држење дршка за „голф" се
користи за потешки операции, какви што се
брусење или сечење.
ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)
Алатот се вклучува („ON") со помош на
лизгачки прекинувач кој се наоѓа на горната
страна од куќиштето на моторот.
ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („ON"),
лизнете го копчето нанапред.
ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ НА АЛАТОТ („OFF"),
лизнете го копчето наназад.
ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ
Вашиот алат е опремен со интерен
електронски систем за надгледување кој
овозможува „мек старт", кој ги намалува
ударите што се случуваат поради стартот
со висок вртежен момент. Системот исто
така помага да се максимизира учинокот
на моторот и на батеријата со смалување
на напонот според алатот, кога ќе дојде
до блокада (види го делот „Заштита од
блокада"). Моторот и патронот со батеријата
се штитат со смалување на напонот според
моторот во овие ситуации.
ЛИЗГАЧКИ ПРЕКИНУВАЧ ЗА
ПРОМЕНА НА БРЗИНАТА
Вашиот алат е опремен со лизгачки
прекинувач за менување на брзината.
Брзината може да се подесува во текот на
работењето, со лизгање на прекинувачот
напред или назад помеѓу некоја од
поставките.
За да ја изберете соодветната брзина
за секој вид работа, користете парче од
материјалот за вежбање.
РАБОТНИ БРЗИНИ
Видете ја табелата на стр. 17-18 за
да ја одредите соодветната брзина за
материјалот со којшто работите и кој прибор
да го употребите.
Немојте да пречекорувате 15.000 врт./мин.
кога користите жичени четки.
Повеќето операции можат да се извршат
ако алатот го подесите на највисок степен.
Меѓутоа, извесни материјали (некои видови
пластика и метали) можат да се оштетат
бидејќи високата брзина се ослободува
топлина, и мораат да се обработуваат со
релативно мали брзини. Работењето со
мали брзини (15.000 врт./мин. или помалку)
обично е најдобро за полирање со прибор
за полирање со филц. Сите работи на
четкање вршете ги со помали брзини за
да го спречите испаѓање на парчиња жица
од лежиштето на четката. Дозволете му
на алатот да ја завршат работата за Вас
кога користите помала брзина. Повисоките
брзини се посоодветни за тврдо дрво, метал
и стакло, како и за дупчење, резбање,
сечење, гравирање и врежување жлебови
во дрво.
Некои упатства во врска со брзината на
алатот:
Пластиката и останатите материјали кои
се топат на ниски температури, треба
да се режат при ниски брзини.
320
A d

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

8240-3/458240-58240-5/65