олабавете ја (и не тргајте ја) навртката
на стезната чаура. Ако е потребно,
употребете клуч за стезната чаура.
3.
Целосно ставете ја бургијата или
вретеното од приборот во стезната
чаура.
4.
Додека е блокирана осовината,
затегнете ја стезната чаура.
EZ TWIST СО ИНТЕГРИРАН КЛУЧ
Капчето за врвот има интегриран клуч
кој ви овозможува да ја олабавувате и
стегате стезната чаура без да го користите
стандардниот клуч.
1.
Одвртете го капчето од алатката,
израмнете го челичниот додаток од
внатрешната страна на капчето со
помош на навртката на стезната чаура.
2.
Со притиснато копче за блокирање,
вртете го капчето спротивно од
правецот на вртење на стрелките
на часовникот додека ја олабавите
навртката на стезната чаура. Да не се
активира механизмот за заклучување
на осовината додека алатот работи.
3.
Целосно ставете ја бургијата или
вретеното од приборот во стезната
чаура.
4.
Со притиснато копче за блокирање,
вртете го капчето во правецот на
вртење на стрелките на часовникот
додека ја стегнете навртката на
стезната чаура.
5.
Зашрафете го капчето повторно во
неговата првобитна положба.
DREMEL CHUCK 4486
Стезната глава Dremel ви овозможува брзо
и лесно да ги менувате додатоците на
алатите Dremel без да ги менувате стезните
чаури. Може да се користи прибор со
осовина од 0,8 – 3,2 mm.
За да се разлабави, притиснете го копчето
за блокирање на осовината прво и вртете
ја осовината со рака додека копчето не
ја блокира осовината. Да не се активира
механизмот за заклучување на осовината
додека алатот работи.
Кога осовината е заклучена, користете го
клучот или EZ Twist капачето за врв за
да ја разлабавите стезната глава и да ги
отворите стегите.
Извадете го приборот од стезната глава.
Доколку е потребно, продолжете да ја
разлабавувате стезната глава за новиот
прибор да влезе во стегите. Ставете го
новиот додаток во стезната глава доволно
длабоко така што ќе има растојание од
6 mm помеѓу крајот на стезната глава и
почетокот на работниот дел на додатокот.
A q
Додека осовината е заклучена, затегнете
ја стезната глава со помош на капачето
за врвот EZ Twist или клучот за да го
прицврстите додатокот.
СОВЕТИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА
СТЕЗНАТА ГЛАВА DREMEL
•
Стезната глава Dremel и стезната чаура
и системот на завртки за стезната чаура
се заменливи делови на овој алат.
Стезната глава ќе ви помогне лесно
да ги менувате приборите, а стезната
чаура и завртката за стезната чаура
ќе ви овозможат прецизно држење
на место на приборот, особено во
случај кога има големо странично
оптоварување на алатот.
•
Доколку забележите дека приборот се
лизга од стезната глава, со помош на
EZ Twist капчето или клуч затегнете ја
стезната глава околу битот. Доколку и
понатаму доаѓа до лизгање, обидете
се со стезната чаура и завртката за
стезната чаура.
•
Стегите на стезната глава може да се
изместат поради што додатокот може да
не се врти правилно и концентрично (да
се исфрла од оска).
За повторно да ги наместите стегите,
следете ги следните чекори:
1.
Извадете го приборот од стезната глава.
2.
Исчистете ја стезната глава.
3.
Притиснете на копчето за заклучување
на осовината и затегнувајте ја стезната
глава сè додека стегите не се рашират,
приближно 3 mm.
4.
Силно притиснете го крајот на стезната
глава врз тврда рамна површина и
проверете дали стегите се поставени
аксијално.
5.
Продолжете рачно да ја затегате
318