Descargar Imprimir esta página

ST MP 500 Li 48 Manual De Instrucciones página 282

Podadora alimentada por batería
Ocultar thumbs Ver también para MP 500 Li 48:

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 141
заштитна облека ги намалува повредите
на телото што се предизвикани од
иверките што се разлетуваат при
случаен контакт со назабената пила.
• Не користете ја пилата со синџир
качени на дрво. Работа со пилата со
синџир додека сте качени на дрво може
да предизвика телесни повреди.
• Одржувајте секогаш правилна точка
на потпора на нозете и вклучувајте ја
пилата со синџир само ако стоите на
стабилна, сигурна и рамна површина.
Лизгавите или нестабилни површини, како
што се скалите, може да предизвикаат
губење на рамнотежата или губење
контрола врз пилата со синџир.
• Кога се сече гранка што се наоѓа под
нивото, треба да се обрне внимание
на ризикот од контраудар. Кога
отпорот на структурата на дрвото ќе се
разлабави, гранката што се сече може
да го повреди операторот и / или да се
изгуби контролата врз пилата со синџир.
• Користете ја со исклучително
внимание кога се сечат грмушки и
млади честаци. Меките материјали може
да се заглават во назабениот синџир и
да се исфрлат во ваш правец и / или да
предизвикаат губење на рамнотежата.
• Транспортирајте ја пилата со синџир
за предната рачка кога е исклучена,
држејќи ја подалеку од телото. Кога
се транспортира или се одложува,
пилата треба секогаш да се става
со заштита за лостот за водење.
Правилно ракување со пилата со синџир
ја намалува можноста за случаен контакт
со назабениот синџир во движење.
• Придржувајте се до соодветните
упатства за подмачкување, за
затегнување на синџирот и за
резервните делови. Синџир чие
затегнување и подмачкување не
се правилни може да се скине што
придонесува до ризик од контраудар.
• Одржувајте ги рачките суви, чисти
и без траги од масло или масти.
Замастените или мрсни рачки се лизгави
и предизвикуваат губење на контролата.
• Сечете единствено дрво. Не користете
ја пилата со синџир за употреби
што не се предвидени. Не користете
ја пилата за сечење пластични
материјали, материјали за градба
или материјали што не направени
од дрво. Користењето на синџирот
за други работи што не се предвидени
може да доведе до опасни ситуации.
• Локалните законски прописи
ја одредуваат минималната
возраст на корисникот.
Продолжена изложеност на
вибрации може да предизвика повреди
и невроваскуларни пореметувања
(познати и како „Рејнодов синдром"
или „бела рака") особено кај оние што
се изложени на циркуларни влијанија.
Симптомите може да се покажат на
рацете, на рачните зглобови или на
прстите и се манифестираат со губење
на осет, вкочанетост, чешање, болка,
обезбојување и структурални промени на
кожата. Овие ефекти може да се зголемат
со ниски надворешни температури и /
или од прекумерен притисок врз рачките.
При појава на овие симптоми, треба да
го намалите времето на користење на
машината и да се советувате со лекар.
• Правете паузи и редовно менувајте
ја позицијата на работа.
• Неправилното одржување, користењето
несоодветни делови и менувањето
на сигурносните уреди може да
предизвикаат оштетувања на уредот и
сериозни последици за корисникот.
• Извршете ги операциите на чистење
и одржување пред да ја вратите
машината на место по употребата.
• Доколку машината имала удар или
пад проверете дали е во добра
состојба пред да ја вклучите.
• Отстранете ги гранките во деловите.
• Внимавајте на гранките кои, откако
ќе бидат пресечени, може да го удрат
корисникот и оние кои, откако ќе
паднат на земја, може да отскокнат.
2.3 ПРИЧИНИ ЗА КОНТРАУДАР И
ЗАШТИТА ЗА ОПЕРАТОРОТ
Може да дојде до контраудар кога крајната
точка на лостот за водење ќе удри во предмет
или кога дрвото има кора што го спречува
назабениот синџир во процесот на сечење.
Контакт со крајните делови може во дадени
случаи да предизвика ненадејна повратна
реакција вртејќи го лостот за наведување
нагоре или наназад кон операторот.
Затегнувањето на назабениот синџир за
горниот дел на лостот за наведување може
да предизвика нагло движење наназад на
назабениот синџир насочен кон операторот.
Која било од овие реакции може да
предизвика губење контрола врз
MK - 4

Publicidad

loading