Descargar Imprimir esta página

AEG NIK85M00AZ Manual De Instrucciones página 218

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 315
8. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
8.1 Садови за готвење
За индуктивни рингли, силно
електромагнетно поле ја создава
топлината во садовите за готвење
многу брзо.
Користете ги индуктивните рингли со
соодветни садови за готвење.
• За да се спречи прегревање и да се
подобри работата на ринглите,
садовите за готвење мора да бидат што
е можно подебели и рамни.
• Осигурете се дека дното на садовите за
готвење се чисти и суви пред да ги
ставите на површината на плочата за
готвење.
• Секогаш внимавајте да не го лизгате
или триете садот за готвење на
рабовите и аглите на стаклото или на
страничната облога бидејќи може да се
скрши или оштети стаклената
површина.
Материјал на садовите за готвење
• погоден: лиено железо, челик,
емајлиран челик, челик што не `рѓосува,
повеќеслојно дно (означено како
погодно од производителот).
• непогоден: алуминиум, бакар, бронза,
стакло, керамика, порцелан.
Садовите за готвење се погодни за
индуктивната плоча за готвење ако:
• водата врие многу брзо на рингла
поставена на највисоката поставка за
јачина на топлината.
• магнет се привлекува на дното на садот
за готвење.
Димензии на садовите за готвење
• Индуктивните рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на дното
на садот за готвење.
218
МАКЕДОНСКИ
• Ефикасноста на ринглата е поврзана со
дијаметарот на садот за готвење. Садот
за готвење со дијаметар којшто е помал
од минималниот добива само дел од
енергијата којашто ја испушта ринглата.
• Заради безбедносни причини и за
постигнување оптимални резултати од
готвењето, не користете садови за
готвење поголеми од наведеното во
„Спецификации на ринглите".
Избегнувајте да ги држите садовите за
готвење во близина на контролната
плоча во текот на готвењето. Тоа може
да влијае на функционирањето на
контролната плоча или ненамерно да ги
вклучи функциите на површината за
готвење.
Видете во „Технички податоци".
8.2 Звуци за време на работата
Ако слушнете:
• звук на пукање: садот за готвење е
направен од различни материјали
(сендвич конструкција).
• звук на свиркање: ја користите ринглата
на голема јачина и садовите за готвење
се направени од различни материјали
(сендвич конструкција).
• ѕунење: користите високо енергетско
ниво.
• кликање: се појавува електрично
префрлување.
• пиштење, брмчење: вентилаторот
работи.
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност.
8.3 Öko Timer (Еколошки тајмер)
За зачувување на енергија, грејачот за
ринглата се исклучува пред да се огласи
програматорот за одбројување. Разликата
во времето на работа зависи од нивото на
поставената топлина и должината на
готвењето.

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

949 598 162 00