Descargar Imprimir esta página

Panasonic WH-SDC0309K3E5 Manual De Instalación página 902

Unidad interior de bomba de calor de aire a agua

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 37
Не додавајте или не заменувајте разладно средство што не е од наведениот тип. Може да предизвикате оштетување на производот, пукнување на цевките и повреда итн.
Не користете дополнителен кабел како кабел за поврзување на внатрената/надворешната единица. Употребете го наведениот кабел за поврзување на внатрешната/надворешната единица, погледнете во
упатството 5 ПОВРЗУВАЊЕ НА КАБЕЛОТ СО ВНАТРЕШНА ЕДИНИЦА и поврзете го цврсто за поврзување на внатрешната/надворешната единица. Затегнете го кабелот за да не може влијанијата на
надворешните сили да влијаат на терминалот. Ако врската или фиксирањето не се изведени совршено, тоа може да предизвика загревање или пожар.
За електрични работи, следете ја националната регулатива, законодавството и овие упатства за инсталација. Мора да се користи независно коло и единичен штекер. Ако капацитетот на електричното коло
не е доволен или има дефект во електриката, тоа ќе предизвика струен удар или пожар.
За работи поврзани со инсталација на водоводни кола, следете ги релевантните европски и национални прописи (вклучително EN61770) и локалните кодови за регулација на водовод и градба.
Ангажирајте овластен дилер или специјалист за инсталација. Доколку инсталацијата извршена од страна на корисникот е неправилна, ова ќе предизвика истекување на вода, струен удар или пожар.
• Ова е модел R32, користете цевки, навртки и алат наведен за разладно средство R32. Користењето на постоечките цевки (R22), навртки и алат може да предизвика абнормално висок притисок во
циклусот на разладно средство (цевките) и може да резултира со експлозија и повреда.
• Дебелината на бакарните цевки што се користат со R32 мора да бидат подебели од 0,8 mm. Никогаш не користете бакарни цевки потенки од 0,8 mm.
• Ако посакуваната количина на резидуално масло е помала од 40mg/10m.
Кога ја инсталирате или релоцирате внатрешната единица, не дозволувајте супстанции да навлегуваат во кругот на разладно средство (цевките) освен наведеното разладно средство, на пример, воздух. Ако
навлезе воздух или друга супстанца, може да се предизвика абнормално висок притисок во циклусот на разладување и тоа да резултира со експлозија, повреда итн.
Ако работите на системот за разладување, инсталирајте строго според упатствава за инсталација. Ако инсталацијата е дефектна, може да се предизвика протекување на вода, струен удар или пожар.
Инсталирајте на цврста и тврда подлога која може да ја издржи тежината на комплетот. Ако локацијата не е доволно цврста или инсталацијата не е извршена соодветно, апаратот може да падне и да
предизвика повреди.
Строго се препорачува оваа опрема да се инсталира со уред за заштита од резидуална струја (RCD) на локацијата согласно соодветните национални правила за ожичување или безбедносни мерки
специфични за земјата во однос на резидуалната струја.
За време на инсталацијата, инсталирајте ги цевките за разладно средство соодветно пред да го вклучите компресорот. Ако компресорот работи без фиксирање на цевките за разладно средство и додека
вентилите се отворени, може да се предизвика вшмукување воздух, абнормално висок притисок во циклусот на разладување и тоа да резултира со експлозија, повреда итн.
За време на испумпување, исклучете го компресорот пред да ги отстраните цевките за разладување. Отстранувањето на цевките за разладно средство додека компресорот работи и вентилите се отворени,
може да предизвика вшмукување воздух, абнормално висок притисок во циклусот на разладување и тоа да резултира со експлозија, повреда итн.
Затегнете ја навртката со клуч крцкало според наведениот метод. Ако ја затегнете навртката премногу, по подолго период може да се скрши цевката и да протече разладно средство.
Откако ќе завршите со инсталацијата, проверете дали некаде протекува разладно средство. Може да се создаде отровен гас кога разладното средство ќе дојде во контакт со оган.
Проветрете доколку има истекување на разладен гас за време на работењето. Може да се создаде отровен гас кога разладното средство ќе дојде во контакт со оган.
При инсталација, употребете ги доставените додатоци и наведените делови. Во спротивно, ќе дојде до паѓање на комплетот, истекување на вода, пожар или струен удар.
Употребете ги единствено испорачаните или наведените делови за инсталација. Во спротивно, може да се предизвикаат вибрации, разлабавување, истекување вода, струен удар или пожар.
Единицата е наменета да се користи само во затворен систем на вода. Користењето во отворен круг на вода може да предизвика преголема корозија на цевките за вода и ризик за инкубација на бактериски
колонии во водата, особено легионела.
Изберете локација каде што во случај на истекување на вода, истекувањето нема да предизвика оштетување на друг имот.
Кога инсталирате електрична опрема во дрвен објект, не смее да има никаков електричен контакт помеѓу опремата и објектот во согласност со стандардот за електрични инсталации. Мора да се користи
изолација помеѓу објектот и инсталацијата.
Каква било работа извршена врз внатрешната единица по отстранувањето на кој било од панелите што се прицврстени со шрафови, мора да се извршува под надзор на дилер и лиценциран изведувач
на инсталација.
Овој систем претставува апарат со повеќе извори на напојувања. Сите кола мора да се исклучат пред да пристапите до терминалите на единицата.
Деловите за инсталација на цевки мора да се исплакнат пред да се поврзе внатрешната единица за да се отстранат нечистотиите. Нечистотиите може да ги оштетат компонентите на внатрешната единица.
Оваа инсталација може да биде предмет на одобрение за градежна регулатива применлива во соодветната земја при што може да биде потребно да биде известена локалната власт пред инсталацијата.
Внимавајте бидејќи разладните средства може да немаат мирис.
Опремата мора соодветно да се заземји. Водот за заземјување не смее да биде поврзан со гасоводна цевка, водоводна цевка, громобран и телефонска инсталација.
Во спротивно, може да предизвика струен удар доколку настане дефект на опремата или изолацијата.
Не инсталирајте ја внатрешната единица на место каде што може да дојде до истекување на запалив гас. Во случај на протекувања на гас и негово акумулирање околу единицата, може да се предизвика
пожар.
Спречете течност или пареа да навлезе во шахти или канализација бидејќи пареата е потешка од воздухот и може да формира задушувачка средина.
Не испуштајте разладно средство за време на работата на цевките, како при инсталација, повторна инсталација и поправки на делови за разладно средство. Внимавајте на течното разладно средство,
може да предизвика замрзнатини.
Не го инсталирајте овој апарат во перална или друга локација со висока влажност. Оваа состојба ќе предизвика 'рѓа и оштетување на уредот.
Внимавајте изолацијата на кабелот за напојување да не доаѓа во контакт со жежок дел (на пример, цевка за разладно средство) за да не се предизвика дефект на изолацијата (стопување).
Не применувајте прекумерна сила врз водоводните цевки бидејќи цевките може да се оштетат. Доколку дојде до истекување на вода, тоа ќе предизвика поплава и оштетување на други имоти.
Изберете локација на изолација која е лесна за одржување.
Неправилната инсталација, сервисирање или поправка на оваа внатрешна единица да го зголеми ризикот од пукање и повреда може да резултира со повреда и/или загуба или оштетување на имот.
Изведете ги цевките за дренажа како што е наведено во упатствата за инсталација. Доколку дренажата не е соодветно изведена, водата може да навлезе во просторијата и да го оштети мебелот.
Поврзување за напојување со струја на внатрешната единица.
• Изворот за напојување со струја треба да биде на лесно достапно место заради исклучување на струјата во итни случаи.
• Мора да се следи локалниот национален стандард за ожичување, регулативата и ова упатство за инсталација.
• Строго се препорачува да се воспостави трајно поврзување со прекинувач.
За единица WH-SDC0309K3E5:
- Напојување 1: За WH-UDZ03KE5* и WH-UDZ05KE5*, употребете одобрен 2-полен прекинувач од 15/16 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
За WH-UDZ07KE5* и WH-UDZ09KE5*, употребете одобрен 2-полен прекинувач од 25 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
- Напојување 2: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 16 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
За единица WH-SDC0309K6E5:
- Напојување 1: За WH-UDZ03KE5* и WH-UDZ05KE5*, употребете одобрен 2-полен прекинувач од 15/16 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
За WH-UDZ07KE5* и WH-UDZ09KE5*, употребете одобрен 2-полен прекинувач од 25 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
- Напојување 2: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 30 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
За WH-SXC09K3E5:
- Напојување 1: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 30 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
- Напојување 2: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 16 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
За WH-SXC09K6E5 и WH-SXC12K6E5:
- Напојување 1: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 30 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
- Напојување 2: Употребете одобрен 2-полен прекинувач од 30 A со минимално растојание помеѓу контактите од 3,0 mm.
2
ПРЕТПАЗЛИВО

Publicidad

loading

Este manual también es adecuado para:

Wh-sdc0309k6e5Wh-sxc09k3e5Wh-sxc09k6e5Wh-sxc12k6e5