Descargar Imprimir esta página

Skil 3551 Manual Original página 172

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 56
кои други батерии може да доведе до опасност од
повреда и пожар.
c) Кога батериите не се користат, држете ги
настрана од метални предмети како што се
спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци,
шрафови или други, мали метални предмети
кои можат да спојат еден пол со друг. Краткиот
спој на половите на батериите може да предизвика
изгореници или пожар.
d) Во услови на злоупотреба може да дојде до
исфрлање на течност од батеријата; избегнувајте
контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте
го местото со вода. Ако течноста дојде во контакт
со очите, дополнително побарајте и лекарска помош.
Течноста која истекува од батеријата може да
предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат
којшто е оштетен или изменет. Оштетените
или изменетите батерии можат да реагираат
непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија
или опасност од повреда.
f) Не изложувајте го комплетот со батерии
или алатот на оган или висока температура.
Изложувањето на оган или температура над 130°C
може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете го комплетот со батерии или алатот
надвор од температурниот опсег наведен
во инструкциите. Неправилното полнење или
полнењето на температура што е надвор од
наведениот опсег, може да ја оштети батеријата и да
ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само
идентични резервни делови. Со ова се обезбедува
безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте ги оштетените комплети
со батерии. Поправката на комплетите со
батерии треба да ја врши само производителот
или некој овластен сервис.
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА КРУЖНИ ПИЛИ БЕЗ
ЧЕТКИ
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА СИТЕ ПИЛИ
a)
ОПАСНОСТ: Држете ги рацете подалеку од
-
областа за сечење и сечилото. Држете ја втората
рака на помошната рачка, или на моторното
куќиште. Ако двете раце ја држат пилата, не може
да бидат исечени со сечилото.
b) Не посегнувајте под работното парче. Штитникот
не може да ве заштити од сечилото под работното
парче.
c) Прилагодете ја длабочината на сечењето на
дебелината на работното парче. Под работното
парче треба да се гледа помалку од цел забец на
сечилото.
d) Никогаш не држете го работното парче во
вашите раце или преку ногата додека сечете.
Прицврстете го работното парче на стабилна
платформа. Важно е да имате стабилна потпора
во текот на работата за да се намали изложување
на телото, заглавување на сечилото или загуба на
контролата.
e) Држете го електричниот апарат за изолираните
површини за фаќање кога изведувате работи
при кои алатот за сечење може да дојде во
контакт со скриени жици. При контакт со жица
под напон, назаштитените метални делови на
електричниот алат исто така ќе бидат под напон и
може да предизвикаат струен удар кај операторот.
f) При надолжно сечење, секогаш користете ограда
за надолжно сечење или водилка со рамен раб.
Така ќе ја подобрите прецизноста на сечењето и ќе
го намалите ризикот од заглавување на сечилото.
g) Секогаш користете сечила со соодветна
големина и форма (ромб или круг) на отворите
за осовината. Сечилата што не се совпаѓаат
со хардверот за монтажа на пилата ќе се вртат
ексцентрично, предизвикувајќи губење на
контролата.
h) Никогаш не користете оштетени или неисправни
запчаници или резиња за сечилата. Запчаниците
и резињата за сечила се посебно дизајнирани за
вашата пила, заради оптимални перформанси и
безбедност при ракување.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА
СИТЕ ПИЛИ
ПРИЧИНИ ЗА ПОВРАТЕН УДАР И ПОВРЗАНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
- повратниот удар претставува ненадејна реакција
на приклештено, заглавено или лошо порамнето
сечило на пилата, што предизвикува подигање на
неконтролираната пила од работното парче кон
оној кој ракува со пилата;
- кога сечилото ќе се приклешти или цврсто ќе
се заглави при затворање на засекот, сечилото
застанува и моторот забрзано ја води единицата
наназад кон оној кој ракува со пилата;
- доколку сечилото се вовлече навнатре или не е
порамнето со површината која се сече, запците
на задниот раб на сечилото може да се забијат во
горната површина на дрвото и да предизвикаат
дигање на сечилото од засекот и отскокнување кон
оној кој ракува со пилата.
Повратниот удар произлегува како резултат од
неправилно ракување и/или неправилни процедури или
услови при работата со пилата, и може да се избегне со
преземање на соодветни мерки на претпазливост кои се
наведени во понатамошниот текст.
a) Одржувајте цврст зафат на пилата со двете раце
и поставете ги рацете на тој начин со којшто
ќе си овозможите да ја издржите силата на
повратниот удар. Поставете го телото на двете
страни на сечилото, но не во линија со сечилото.
Повратниот удар може да доведе до отскокнување
на пилата наназад, но лицето кое ракува со неа
може да ги контролира реакциите од силата на
повратниот удар, ако ги преземе неопходните мерки
на претпазливост.
b) Кога сечилото се заглавува или кога прекинувате
со сечење од која било причина, исклучете
172

Publicidad

loading