6. Ако користите седиште со спојка SensorSafe, туркајте ја спојката за
да се затвори сè додека не слушнете звук на заклучување и турнете ја
затворената спојка надолу кон закопчувалката (25).
7. Повлечете го централниот каиш за приспособување (27) за да ги
затегнете каишите за рамо (24) сè додека не се прицврстат удобно на
телото на детето.
Сигурносниот каиш треба да биде наместен доволно цврсто, но да не
дозволува превиткување на кој било каиш.
8. Кога ја користите спојката SensorSafe, поставете ја директно под
подлошките за рамо.
ФУНКЦИЈА ЗА ВРТЕЊЕ НА BASE T/BASE Z2
Повлечете ја рачка за вртење на седиште (28) на основата за да го завртите
седиштето за автомобил.
Пред да патувате, бидете сигурни дека седиштето за автомобил е правилно
заклучено во точна позиција и дека индикаторот за правец на движење (29)
покажува ЗЕЛЕНА боја.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА СТРЕАТА ЗА СОНЦЕ
Отворете ја стреата за сонце (31) влечејќи ја пластичната покривка.
ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ЛЕЖЕЧКИТЕ ПОЗИЦИИ
Седиштето за автомобил може да се префрла помеѓу лежечките позиции
со притискање на рачката за ослободување во лежечка позиција (32) и
истовремено поместување на задниот дел надолу.
Седиштето за автомобил може да се постави во две лежечки позиции:
посредната лежечка позиција е исто така достапна во автомобилот ако
седиштето за автомобил се употребува во комбинација со Base T/Base
Z2. Целосно лежечката позиција може да се употребува само надвор од
возилото.
СИСТЕМ ЗА ПАТУВАЊЕ
Можете да го прицврстите седиштето за автомобил на која било одобрена
количка. Прицврстете го седиштето за автомобил на одобрениот адаптер,
завртено кон родителот. За да го отклучите, туркајте ги надолу двете копчиња
за ослободување на адаптерот на количка (33) и подигнете го.
ОТСТРАНУВАЊЕ И ПОВТОРНО ПОСТАВУВАЊЕ НА НАВЛАКАТА
НА СЕДИШТЕ
Навлаката на седиштето за автомобил се состои од 6 дела. Тие се
прицврстуваат на неколку места на седиштето за автомобил. Штом ќе ги
откачите, индивидуалните делови на навлаката може да се отстранат. За да
ја поставите навлаката повторно, следете ги упатствата за отстранување по
обратен редослед.
Навлаката може да се пере само на температура од 30°C, на програма
за благо перење, бидејќи во спротивно може да се јави бледнеење на
материјалот на навлаката. Перете ја навлаката одделно од друга облека
и не сушете ја во машина за сушење алишта или на директна сончева
светлина!
ГАРАНЦИЈА НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ И РЕГУЛАТИВА ЗА
ОТСТРАНУВАЊЕ ВО ОТПАД
CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој производ
ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во која производот
му беше продаден на клиентот од застапник или во малопродажба.
Содржината на гаранцијата и сите основни информации потребни за
потврдување на гаранцијата може да се најдат на нашата почетна страница:
go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats. Ако гаранцијата е
прикажана во описот на производот, тоа нема да влијае врз вашите законски
права кон нас во поглед на дефекти.
Почитувајте ги регулативите за отстранување во отпад во вашата
земја.
MK
135