Безбедносни Напомени; Оператор; Опрема За Лична Заштита; Безбедност На Работното Место - AL-KO Solo T 22-111.7 HDS-A V2 Comfort Manual De Instrucciones

Tabla de contenido

Publicidad

Idiomas disponibles
  • MX

Idiomas disponibles

  • MEXICANO, página 83
MK
3 БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ
ОПАСНОСТ!
Животна опасност и опасност од
најтешки повреди!
Непознавањето на безбедносните
предупредувања и упатствата за
ракување може да доведе до
најтешки повреди па дури и до смрт.
Почитувајте ги сите безбедносни
предупредувања и упатства за
ракување на ова работно упатство
како и на работните упатства на
кои се посочува, пред да го
користите уредот.
Зачувајте ги сите испорачани
документи за идната употреба.
3.1
Оператор
Млади под 16 години или лица кои не се
запознаени со начинот на користење не
смеат да го употребуваат уредот.
Почитувајте ги евентуалните локални
безбедносни прописи за минималната
возраст на корисникот.
Уредот да не се користи под дејство на
алкохол, дроги или лекови.
3.2
Опрема за лична заштита
За да се избегнат повреди на главата и
екстремитетите како и оштетувања на
слухот, треба да носите прописна облека
и заштитна опрема.
Облеката мора да биде наменска (тесно
прилепена) и не смее да спречува. При
долга коса задолжително носете мрежа за
коса. Никогаш не носете лабави парчиња
алишта или додатоци коишто би можеле
да се вовлечат во уредот, на пр. шалови,
широки кошули, долги ѓердани.
Личната заштитна опрема се состои од:
заштита за слухот и заштитни очила
долги панталони и цврсти чевли
заштитни ракавици
3.3
Безбедност на работното место
Работете само на дневна светлина или
при добро вештачко осветление.
Уредот користете го само на цврста и
рамна подлога а не во стрмни коси
положби.
Внимавајте на стабилноста.
454
3.4
Безбедност на лица, животни и
вредни работи
3.5
Безбедност на уредот
Користете го уредот само под следниве
услови:
Уредот не е извалкан.
Уредот не покажува никакви
оштетувања.
Сите команди функционираат.
Не го преоптоварувајте уредот. Тој е
наменет за лесни работи во приватниот
сектор. Преоптоварувањата водат до
оштетување на уредот.
Не го употребувајте уредот со изабени
или дефектни делови. Заменете ги
дефектните делови само со оригинални
резервни делови на производителот. Ако
уредот се употребува со изабени или
дефектни делови, не може да се бара
никаква гаранција од страна на
производителот.
3.6
Изложеност на бучава
Една одредена изложеност на бучава преку
овој уред е неизбежна. Распределете ги
бучните работи во дозволени и за тоа
одредени времиња. Држете се до времињата
за пауза и ограничете го времето за работа на
најпотребното. За ваша лична заштита и
заштита на лицата коишто се наоѓаат во
близина треба да се носи соодветна заштита
за слух.
3.7
Работа со бензин и масло
ОПАСНОСТ!
Опасност од експлозија и пожар
Преку мешавината од бензин и воздух
што истекува настанува една
експлозивна атмосфера. Прасокот,
експлозијата и пожарот може при
неправилно работење со горивото да
доведат до тешки повреди и дури до
смрт.
Не пушете кога работите со
бензин.
Ракувајте со бензин само на
отворено и никогаш во затворени
простории.
Задолжително почитувајте ги
следните наведени правила за
однесување.
Безбедносни напомени

Publicidad

Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido