МК
за ова упатство за употреба
1
Ова упатство за употреба ги содржи сите
важни информации за безбедно ракување со
дијамантските фрези.
Во ова упатство за употреба, дијамантската
фреза се нарекува и „уред" или „машина".
Референци кон илустрациите
Референците кон илустрациите коишто се
наоѓаат на почетокот на упатството за употреба
се прикажани во текстот со овој симбол
на пример, се упатува на илустрација број 1).
1.1 Важни информации
Прочитајте го упатството за
употреба
Пред да почнете со каква било работа со уредот
или на него, внимателно прочитајте го и запазете
го ова упатство за употреба и безбедносните
упатства во него.
Упатството за употреба чувајте го секогаш
заедно со уредот.
мора да се носи дозволена
филтерска маска за устата и носот!
1.2 Симболи што се користат во
упатството за употреба
ОПаСнОСТ
„ОПаСнОСТ" укажува на опасна ситуација
којашто резултира со непосредна смрт или со
тешка телесна повреда.
Î Оваа стрелка се однесува на соодветните
мерки за избегнување опасност што се
заканува.
ПРеДУПРеДУВаЊе
„ПРеДУПРеДУВаЊе" укажува на опасна
ситуација што може да резултира со смрт или
тешка телесна повреда.
Î Оваа стрелка се однесува на соодветните
мерки за избегнување непосредна опасност.
| 202 |
ПРеТПазЛИВОСТ
„ПРеТПазЛИВОСТ" укажува на опасна
ситуација што може да резултира со лесни или
средни телесни повреди, или материјална штета.
Î Оваа стрелка се однесува на соодветните
мерки за избегнување непосредна опасност.
(тука,
наПОмена
1
„наПОмена" содржи препораки за употребата и
корисни совети.
Безбедносни напомени
2
ПРеДУПРеДУВаЊе
Прочитајте ги сите безбедносни напомени и
инструкции.
Пропустите во запазувањето на безбедносните
напомени и инструкции може да предизвикаат
тешки повреди.
Чувајте ги сите безбедносни напомени и
инструкции за идна употреба.
Во безбедносните напомени се користи израз
„електричен алат" и тој се однесува на сите
електрични алати што работат на струја (со
кабел за струја) како и на електричните алати
што работат со акумулаторски батерии (без
кабел за струја).
2.1 Безбедност на работно место
a) Работната област треба да биде чиста и
добро осветлена.
Нередот и неосветлените работни
области може да доведат до несреќни
случаи.
b) не работете со електричниот алат во
околина каде што постои опасност од
експлозија, или каде што има запаливи
течности, гасови и прав.
Електричните алати создаваат искри
што може да го запалат правот или
испарувањата.
c) Децата и останатите лица држете ги
подалеку додека работите со електричниот
алат.
Доколку ви го свртат вниманието, може да
ја загубите контролата врз уредот.