4.2.3 Поставување на шипката
на ракофатот - тип II
1. Отшрафете ги шрафовите (сл.
5.A) и извадете го капачето (сл.
5.B) од потпората (сл. 5.C).
2. Вметнете ја шипката на ракофатот
(сл. 5.D) во соодветното лежиште
на потпората (сл. 5.C), поставено на
цевката за пренос (сл. 5.Е), внимавајќи
командите да се наоѓаат оддесно.
3. Поставете го капачето (сл.
5.B) зашрафувајќи ги докрај
шрафовите (сл. 5.A).
4. Закачете го куќиштето (сл.
5.F) со командите за држачот
за каблите (сл. 5.G).
4.3 ИЗБОР НА УРЕД СО СЕЧИВО И
НА СООДВЕТНА ЗАШТИТА
На секој уред за сечење треба да се
става соодветната заштита како што е
посочено во табелата Технички податоци.
Изберете го уредот за сечење којшто најмногу
одговара на работата што треба да се изврши
според следните индикации:
• макарата со конец може да елиминира
висока трева и бездрвна вегетација
во близина на ѕидови, огради, темели,
патеки, околу дрвја, итн. или за комплетно
чистење на дадена област во градината,
• ножот со 3 запци е наменет за
сечење ниски грмушки и мали жбунови
со дијаметар најмногу до 2 см.
• сечиво за пила (ако има) овозможува
сечење на дрвени парчиња и соборување
на дрвја со мали димензии.
ВАЖНО Секогаш кога треба да го
извадите уредот со сечивото, извадете
ги сите елементи на уредот.
4.4 ПОСТАВУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА
НА УРЕДОТ ЗА СЕЧИВОТО
Носете заштитни ракавици.
4.4.1 Поставување на заштитата за
уредот со сечивото (макара со
конец, сечиво со 3 запци)
ВАЖНО Секојпат кога ја користите оваа
заштита, проверете дали плочката со цевката
за преносот (сл. 6.В, сл. 6.E) е поставена.
1. Отшрафете ги шрафовите (сл. 6.A).
2. Поставете ја заштитата (сл. 6.C) во
однос на отворите на плочката (сл. 6.B)
на цевката за пренос (сл. 6.D).
3. Фиксирајте ја заштитата
(сл. 6.C) зашрафувајќи ги докрај
шрафовите (сл. 6.A).
ЗАБЕЛЕШКА На заштитата на уредот со
сечивото (сл. 1.E) го има следниот симбол:
Го посочува правецот на
ротација на уредот за сечење.
4.4.2 Поставување на заштитата
за уредот со сечивото
(сечиво за пила, ако има)
Оваа заштита не смее да се
користи со другите уреди за сечење.
1. Извадете ги заштитите за
други уреди со сечива ако сте
ги користеле пред тоа.
2. Извадете ја плочката од цевката
за пренос (сл. 6. B) и задржете ги
соодветните шрафови (сл. 6.E).
3. Поставете ја потпората за заштитата на
сечивото за пилата (сл. 7.А),на цевката
за пренос (сл. 7.B), проверувајќи дали
клинот (сл. 7.C) е правилно вметнат во
соодветниот отвор на цевката (сл. 7.D).
4. Фиксирајте ја потпората (сл. 7.A) со
шрафот (сл. 7.E) и затегнете го докрај.
5. Поставете ја заштитата (сл. 7.F)
соодветно на отворите на потпората.
6. Фиксирајте ја заштитата (сл.
7.F) зашрафувајќи ги докрај
шрафовите (сл. 7.G).
4.5 ПОСТАВУВАЊЕ/ВАДЕЊЕ НА
УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО
Носете заштитни ракавици.
MK - 8